Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

Фото: Профимедиа

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразиле 6.086.344 лица. Од нив починале 368.462, а оздравеле 2.697.211.

– Во Мексико, се потврдени уште 3.227 случаи на заболени од коронавирусот и 371 смртен случај. Вкупниот број заразени во таа земја е 84.627, а починале 9.415 лица.

–  Бројот на потврдени случаи во Германија е зголемен за 738, на 181.196. Бројот на смртни случаи се зголеми за 39 на 8.489.

– Во Кина се потврдени уште четири случаи на коронавирус, додека претходните денови не беа регистрирани нови случаи на инфекција. Сите случаи се увезени, соопшти Националната комисија за здравство. Потврдени се четири нови асимптоматски случаи, споредено со пет претходниот ден. Нема нови смртни случаи, досега се потврдени  4.634 смртни случаи.

– Јужна Кореја денеска соопшти за 39 нови случаи на заболени повеќето од нив во густо населената област на Сеул и се поврзани со вработените во голем магацин. Вирусот е откриен на безбедносните кациги на вработените, лаптопите, тастатурите и друга опрема.Потврдени се вкупно 11.441 случаи на заболени, а 269 лица починале.

– Во изминатите 24 часа починаа уште седум пациенти од коронавирус во Унгарија, така што вкупниот број на е 524. Сите починати биле постари луѓе кои имале други тешки болести. Бројот на заразени со вирусот се зголеми за 26, на 3.867. Бројот на активни инфекции во Унгарија се намали на 1.201. Во болници има 414 пациенти, од кои 22 се на респиратор.

– Уште пет лица заразени со вирусот починаа во Романија, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 1.253. Две жени и тројца мажи на возраст меѓу 62 и 90 години починале и сите имале други болести.

– Во изминатите 24 часа во Грција, регистрирани се седум нови позитивни случаи на Ковид-19. Од почетокот на епидемијата, вкупно се заразени 2.915 лица. Досега во Грција се направени 178.316 тестови.

– Министерството за здравство на Кипар соопшти еден нови случај на Ковид-19, од направена 2.061 анализа, а бројот на заразени лица се зголеми на 944 од почетокот на епидемијата.

– Во последните 24 часа никој не починал во Србија од последици на коронавирусот. Вкупниот број на жртви од почетокот на епидемијата е 242. Од последниот пресек на состојбата во Србија, 3.548 лица биле тестирани на коронавирус, а вирусот е потврден кај 27 од нив.Од почетокот на епидемијата на коронавирус во Србија, заразени се 11.381 лица.

– Во последното деноноќие, од направените 229 тестови, во  Албанија потврдени се 23 новозарзени со Ковид-19,од нив двајца здравствени работници. Во последните 24 часа забележан е поголем број пациенти во Инфективната клиника споредено со изминатитите денови.Моментно хоспитализирани се 26 лица од нив четворица се на интензивна терапија, додека еден е интубиран.  Во исто време болеста ја победиле шест лица или  857 од вкупно заразените 1.122 лица. Активни на болеста се 232 лица, главно во Тирана,Драч и Круја. Продолжуваат среолошките тестирања кај здавствените работници.До сега направени се 1.450 тестови при што позитивни биле девет осто од нив

– Во Косово вчера беа извршени 311 тестирања на лица за кои постоело сомневање дека се заболени од Ковид-19, при што се регистрирани 12 новозаразени. Во истиот период се потврдени деветмина излекувани, а нема ниеден нов случај на починат заболен од новиот коронавирус. Вклучително вчерашните официјални податоци, од појавата на епидемијата во Косово досега се евидентирани 1.064 заразени, од кои излекувани се 829 лица, додека починаа 30 носители на вирусот, сите заболени и од други хронични и тешки болестиАктивни случаи на заразени од Ковид-19, според последните статистики, има 205. Заклучно со вчерашниот ден, според информациите од Институтот за јавно здравство на Косово, во неговата лабораторија за микробиологија се извршени вкупно 14.635 тестирања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот