Дневен ковид рекорд во Грција: Нови 460 инфицирани лица и пет починати пациенти

Фото: EPA-EFE/DIMITRIS TOSIDIS

Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани вкупно 460 нови случаи на ковид-19 во Грција, што е рекорден број на дневно ниво од почеток на пандемијата. Најголем дел од нив, поточно, 114 се вработени во фабрика за конзервирање на северот на земјата, 26 по направени тестови на влезните точки во земјата, a 207 се детектирани во областа Атика. Паралелно регистрирани се и пет смртни случаи.

Епидемиолог Гикас Мајоркинис на денешната редовна прес-конференција за ситуацијата со новиот коронавирус во Грција, рече дека е логично да се очекува зголемување на ширењето на вирусот кон крајот на октомври, со оглед на тоа дека луѓето ќе почнат повеќе време да минуваат во затворени простории.

Заменик министерот за цивилна заштита на Грција објасни дека според неделниот извештај за ковид-19, во периодот од 24 до 30 септември, просечниот број на дневни случаи бил 314, просечната воараст на новозаразените е 39 години, додека пак просечниот дневен број на направени тестови е 10.617 тестови од кои голем дел на влезните точки на земјата.

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 19.346 случаи на ковид-19, а досега починаа 398 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот