Дневен хороскоп за петок, 6 март: Родените во знак Овен ги очекува пријатно изненадување!

ОВЕН

Можно е во текот на денешниот ден до вас да дојдат нови вести кои ќе ве израдуваат. Очекувајте интересни случувања во односот со личноста која ви значи. Намалете со шеќерот.

БИК

Не е поволен ден за нови одлуки по прашањето работа. Можно е некои планови полека да ви се одложуваат. Ви годи флерт, но не сте подготовени да одите понатаму од тоа. Сега не сакате било каква врска. Градниот кош ви е чувствителен.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекува поволен ден во кој ќе бидете задоволни од работните околности. И финансиите ви одат на подобро. Ако постои личност кон која имате чувства, сега е вистински момент тоа да и го покажете. Мал пад на имунитетот.

РАК

Во текот на денешниот ден ќе имате некои проблеми на работа. Можни се караници или несогласувања со соработниците. На полето љубов ве очекуваат позитивни промени во односот со саканата личност.  Одлично се чувствувате и полни сте со енергија.

ЛАВ

Може да очекувате поволен ден за работа. Нови шанси ви доаѓаат, се укажува и шанса за патување. Ако имате партнер, со него ве очекуваат проблеми во односот во следниот период. Чувајте се од можни воспаленија.

ДЕВИЦА

Потребно е да бидете директни и да ги решавате проблеми на лице место. Очекувајте интересно познанство кое ќе ве води до врска која ги исполнува вашите очекувања. Ќе ве мачи главоболка.

ВАГА

Сте направиле добра соработка денеска. Ве очекува поволен период за стабилизација на работата. Ќе ви годи дружење со личност која ви се допаѓа. Можна е авантура или нешто необврзувачко.

ШКОРПИЈА

Пробувате да ги анализрате околностите во кои се наоѓате и на ова поле да донесете најдобри одлуки. Покажете малку флексибилност кон саканата личност. Се оди според вашиот план.

СТРЕЛЕЦ

Не се препорачува денеска да влегувате во караници на работа затоа што околностите би можеле да бидат неповолни. Дајте си себе и на партнерот шанса да се менувате. Вашиот однос може да се развива на подобро. Болки во грлото.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат важни промени на работното поле. Ќе имате шанса да ја покажете својата спосбност и талент. Можно е да сте малку разочарани од партнерот. Повремено размислувате за прекин на врската. Ќе ви годи диета.

ВОДОЛИЈА

Големи проблеми на работа кај вас нема да има во слендиор период. Ве очекува пасивна фаза без промени. Пред вас се љубовни промени кои ќе ви донесат задоволство во животот. Многу сте чувствителни.

РИБИ

Не ви е лесно да излезете на крај со потешкотиите кои на ова поле ви се појавиле. Не сте отворени кон саканата личност. Можно е да имате големи проблеми во комуникацијата. Проблеми со несоница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот