Дневен хороскоп за четврток, 22 октомври

Profimedia

Овен
Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно, зашто им пречи влијанието на надредените. Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството… Работата ќе ја извршувате автоматски. Можеби денес ќе бидете поскромни во љубовните барања, а не треба. Имате право на љубов. Побарајте повеќе внимание, нежност од саканата личност.

Бик
Немате доверба во колегите, ниту пак, во надредените. Ви се чини дека некои работи се одвиваат зад ваш грб. На работа ќе добиете помош од личност од која не го очекувате тоа. Ве очекуваат многу изненадувања. Посветени сте на својот партнер и мислите дека е крајно време веќе да ја официјализирате врската, односно да стапите во брак.

Близнаци
Со малку трпение, лесно ќе го надминете проблемот со кој се соочувате веќе извесно време. Имате повеќе енергија од вообичаено, па искористете ја да го средите домот. Денес држете се понастрана од другите и избегнувате ги конфликтите. Во љубовта ќе се истакнат вашите несигурности. Разговарајте со партнерот за проблемот што ве мачи.

Рак
Од некој додворувач ќе добивате убави љубовни пораки и подароци што ќе ви се допаѓа многу, но пред сѐ, одлучете дали си одговарате еден со друг. Бидете внимателни со инвестициите, може многу да погрешите. Направете план за трошење до крајот на месецот, бидејќи во спротивно финансиската ситуација ќе излезе од контрола.

Лав
Се сомневавте во љубовта на партнерот? Не повеќе! Во наредните денови ќе уживате во разговорите со партнерот кои ќе бидат смирени и полни со разбирање. Ќе знаете дека сте онаму каде што припаѓате. Ако сте сингл, проверете си ги поканите за пријателство на социјалните мрежи. Наскоро ќе се поврзете со личност која ќе биде многу слична на вас.

Девица
Вашите идеи не се за криење, бидејќи во претстојните недели тие ќе ви донесат почит и слава. Не се ограничувајте само на еден проблем или само на една активност. Треба да размислувате глобално, а да делувате локално. Некои ќе се насочат кон волонтерска работа и ќе им го менуваат кон подобро животот на многу лица. На љубовно поле, сѐ е идеално!

Вага
Обидете се да најдете заеднички јазик со личноста со која сте ги заладиле односите. Поставете ги вистинските прашања и за брзо ќе го решите проблемот. На љубовно поле појасно ќе ги гледате нештата. Вашиот оптимизам ќе го зарази партнерот и ве очекува навистина пријатна вечер. Со партнерот ќе уживате во нежни мигови меѓу четири ѕида.

Скорпија
Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе сфатите дека сте во многу подобра финансиска состојба отколку што сте мислеле. Можно е да бидете во ситуација во која е потребно да оставите што е можно подобар впечаток. Со партнерот сте поблиски од кога и да е. Со квалитетен разговор, добар однос и почит еден кон друг, добриот ден е загарантиран!

Стрелец
На работното место сте популарни, но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Ќе се ослободите од секоја мисла за работата, за која знаете дека добро ви оди. Партнерот ќе се согласи на некои компромиси, но и натаму ќе треба да вложувате голем напор во меѓусебната комуникација. Сега е времето кога треба да го подобрите односот.

Јарец
Одличен ден. Ќе разговарате со некоја блиска личност, а токму овој разговор ќе ви помогне да откриете дел од вашата скриена страна. Во љубовта, ќе имате можност да го покажете вашето вистинско лице. Ослободете се од срамежливоста и следете ги вашите чувства. Размислете со ладна глава, па потоа решавајте ги проблемите.

Водолија
Ве очекува не баш мирен и опуштен ден, не ќе можете глава да кренете од натрупаните, но и од новите обврски. Падот на концентрацијата не ви помага да ги решите насобраните проблеми. Проблемите во љубовта повторно се појавуваат. Ви делува како да се вртите во круг. Денес сѐ ви е хаотично. Не паничете и не носете одлуки набрзина.

Риби
Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денес ќе ви стане целосно јасно преку соработката со другите. Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Повеќето од вас ќе почувствуваат потреба за домашен живот со саканата личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот