Дневен хороскоп за 9 јуни: Вашиот копнеж за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

Овен

Пријателствата ви се поважни од љубовта. Време е да одделите простор и време и за старите пријатели. Можно е помеѓу вас и партнерот да има караници и тензии во текот на денот. Самоувереноста ќе ви биде на многу високо ниво. Некои помали промени ќе ви дадат дополнителна сила за постигнување подобри резултати.

Бик

Денес сте многу емотивни и чувствителни, па од партнерот барате да ви посвети многу внимание. Навистина среќен ден за некои Бикови, бидејќи ќе ја запознаат својата сродна душа со која ќе споделат незаборавни моменти. Нека не ве загрижува досегашната неповолна финансиска состојба, бидејќи почнува да се подобрува.

Близнаци

Денешните познанства ќе ви отворат примамливи можности за во иднина, а некои од нив можат да се претворат и во долги пријателства. На работа ќе бидете инспирирани и ќе имате одлична можност да ја покажете вашата креативност. Слободно зборувајте и споделувајте емоции. Малку кокетирање ќе делува како зачин во врската.

Рак

Ве очекуваат многу контакти со пријатели и членови од вашето пошироко семејство. Ако сте во врска добро ќе се разбирате со партнерот и ќе ги надминете кризите. Ова е среќен ден за вас, поминете го во друштво на партнерот и уживајте. Сега е одличен период да ги искажете чувствата и да ја зајакнете врската.

Лав

Нема да се пожалите на здодевност. На работа ќе имате некои мали проблеми со вашите соработници, па водете сметка. Можно е да размислувате околу тоа да почнете сопствен бизнис кој би можел убаво да ви тргне. Ве очекува интересна комуникација со личност што ќе покаже дека со вас сака повеќе од пријателство.

Девица

На емотивно поле, самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате. Што се однесува до работата, кога не би имало барања и деловни планови, секој би работел што сака, но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Вага

Нема да ви биде лесно да остварите сѐ она што сакате, бидејќи некој ќе ве спречува во тоа. Од некои работи што ќе ги изговорите, зависи вашата иднина со партнерот. Ден исполнет во авантури. Ќе се обидете да воспоставите контакт со некои лица кои вам ви биле многу драги. Ви претстои убава средба со некој Јарец.

Скорпија

Премногу сте лежерни во љубовните врски. Вашиот копнеж за слобода може да биде поттик за непријатни дискусии. Ако не станете сериозни и не прифатите критика, едноставна дискусија може да прерасне во сериозен конфликт проследен со поделба. Ако сте во врска ќе влезете во расправии со партнерот и ќе бидете нервозни.

Стрелец

Пасивноста може да ги наполни туѓите батерии, но за вас ќе биде извор на голема напнатост, која ако не ја извадите од вас, се заканува да прерасне во агресија. Ќе мора да бидете внимателни во новите љубовни обиди. Другата страна ќе се постави поагресивно нудејќи ви авантура, а вам ви е најпаметно добро да размислите.

Јарец

Се залагате за важни нешта, можеби нема да успеете, но не се разочарувајте, ќе постојат уште шанси. Врската со личноста која ви се допаѓа тргна во погрешен правец. Залудно ќе се трудите да ги средите работите. Иако постои голема привлечност помеѓу вас двајцата, сепак крајот се наближува. Многу сте различни.

Водолија

Не сте доволно концентрирани и лесно грешите на работа. Можно е да ви е потребно повеќе време да се адаптирате. Ако сте во врска, партнерот на некој начин ве повредил, па пробувате да му простите за врската да продолжи. Нагло ќе дојдете до проблеми во односот, покажувате дека сте незадоволни од вашиот однос.

Риби

Имате премногу обврски кои задолжително мора да ги завршите, но ви недостасува време. Побарајте помош од пријателите и завршете ги задачите. Некој пријател од детството ќе ве повика на заедничко патување. Не се двоумете, заминете и поминете си убаво. Вашата емоционална состојба е несигурна и тоа ве плаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот