Дневен хороскоп за 8 октомври: Бикови, сконцентрирајте се на работата!

Фото: Profimedia

Овен
Ситуацијата на работа може да се поправи само ако ја следите својата конкуренција. Се чувствувате лошо во присуство на една Шкорпија. Не трошете време на таа личност. Направете крвна слика.

Бик
Концентрирани сте на работата, сакате да решите прашања кои долго ве мачат. Оптимистички сте настроени, а тоа денес ви оди во прилог. Можни се раскинувања на некои врски. Размислете добро. Здравјето е одлично.

Близнаци
Бидете толерантни и мирољубиви. Поминете повеќе време во домот. Но финансиите ќе ви зададат проблеми, па за некои ваши размислувања ќе треба да премолчите. Здравјето е релативно добро.

Рак
Потрудете се да одложите секаква активност. Имате многу идеи кои чекаат да бидат реализирани. Размислувате за промени на емотивно поле. Проблеми со синусите.

Лав
Не сте способни за напорна работа. Разговорите со љубовна тематика сосема ќе ве збунат. Не си поигрувајте со туѓото трпение. Внимавајте на органите за говор и слух, можни се компликации.

Девица
Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе и вас и другите до лудило, а на тој начин би пропаднала целата работа. Затоа изострете ги сетилата.

Вага
За полесно да ги поднесете обврските, настојувајте да ги поделите со домашните. Би можеле да задоцните на некој договор или да се оптоварувате со трачеви и неважни ситници. Некои планови ќе се сменат во последен момент, но не по ваша заслуга.

Скорпија
Време е да се позанимавате со состојбата на вашата сметка. Можеби ситуацијата ќе биде обесхрабрувачка, но не ја губете надежта. Искористете го денов за да реализирате барем една заедничка цел што ја имате во договор со партнерот.

Стрелец
Помошта или решението ќе дојдат сосема неочекувано. Размислете како би реагирале вие да сте во истата ситуација, па така и однесувајте се. Намалете со хобито и трошењето на слободното време, на вашиот партнер тоа му пречи.

Јарец
Ќе добиете извинување од некој пријател или колега кое веќе одама требаше да пристигне, бидете паметни и прифатете го. Ќе ви одговараат вечерните излегувања и забавата. Ќе се насочите на подобрување на куќната и семејната атмосфера.

Водолија
Не дозволувајте самодовербата што ја чувствувате да остане неискористена. Насочете се директно кон вашите соништа и желби. Нема што да изгубите, а можете да добиете многу. Преземете храбар чекор на љубовен план.

Риби
Денес во вас ќе врие вишок енергија. Ако покажете дека знаете колку вредите, другите ќе ве ценат повеќе. Не дозволувајте туѓи планови да ви се испречат на патот кон остварување на вашите желби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот