Дневен хороскоп за 8 февруари: Купидон силно ќе ве погоди со љубовната стрела кога не очекувате

Овен
Еден комплимент кажан од вистинската личност ќе ве вивне во облаци. Мора да научите да правите селекција меѓу важни и неважни личности во животот. Вторите постепено оттурнувајте ги од себе. Ќе бидете неодоливо привлечни. Со кого и да стапите во контакт денес, бидете похрабри и не плашете се да го направите првиот чекор.

Бик
Иако авантуристичкиот дух ќе ве води од едно место на друго, тоа нема да биде бесцелно. На приватно поле, кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост, а секако ќе ги подобри и личните особини. Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денес ќе размислувате за деталите. Крајот делото го краси.

Бик
На професионално поле, ќе ви биде потребно малку повеќе време да ги завршите работите кои ги имате во план за денес. И потоа, препуштете се на уживањето во викендот! На емотивно поле, можно е саканата личност да сака на некој начин да ја докажете вашата љубов. Здравје и совет: посетете лекар за секој случај.

Близнаци
На емотивно поле, богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. На професионално поле, можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните, ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Ќе знаете да се справите со проблемите.

Рак
Секојдневието ви изгледа мирно и ќе се соочите со отворање на врата која ќе ве однесе на повисоко ниво. Малку сте отсутни со умот и тоа може да предизвика да направите неколку грешки. На емотивно поле, мора да бидете подипломатски поставени во односот со партнерот и внимателно изразување на личните потреби.

Лав
На професионално поле, можно е да не сте најдобро расположени и вашата негативна енергија да се одразува и на работата. Во емотивниот сегмент, сакате промени на љубовното поле и подготвени сте да влезете во нова љубовна врска. Ништо нема да ви стои на патот, освен вашата неодлучност и недостатокот на самодоверба.

Девица
Ќе се обидете на другата страна да ѝ се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Ќе чувствувате мала меланхолија.

Вага
Поимпулсивни сте од обично. Посветете си се на себе и слушајте ги потребите на вашето тело. Знаете точно што треба да направите за да ги освоите луѓето околу вас. Имате отворена комуникација со партнерот и тоа ќе направи да пронајдете компромиси за иднината. Конечно ќе бидете две души во едно тело и тоа ќе ве радува.

Скорпија
Жешко, жешко, жешко ќе биде во вашиот љубовен живот во претстојниот период. Сексапилноста, интензивните чувства, интимноста и зголеменото либидо ќе бидат изразени денес. Нема да можете да се наситите од партнерот, а ниту тој од вас. Не сте во врска? Купидон силно ќе ве погоди со љубовната стрела кога не очекувате..

Стрелец
Ќе бидете склони кон попуштање во сѐ и сешто, а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот „која и да е“. На професионално поле, ако сте решени да дејствувате од сенка, денес е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Прво промислете, а потоа дејствувајте.

Јарец
Ќе ви биде тешко да се справите со нечувствителноста на одредени луѓе. Малку ќе претерате со присилувањето на другите да се држат кон вашите желби и потреби. Љубовта ви фаќа кривини и потребни се длабоки дискусии за одново да се поврзете со партнерот. Време е да му се прикажете во вистинско издание на партнерот..

Водолија
Флертувајте и заведувајте, во претстојниот период освојувањето срца ќе ви биде омилена активност. Ќе се разбуди кокетата во вас. Ставете гламурозна модна комбинација и засенете ги сите останати. Ако сте во врска, можна е бременост во претстојниот период. Доколку не сакате да станете родител, бидете повнимателни.

Риби
На емотивно поле, блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. На професионално поле, една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Љубовта ќе се роди спонтано кај вас, престанете да ја барате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот