Дневен хороскоп за 4 декември: Искористете ја вашата внатрешна енергија.

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите за денес? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 4 декември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Фокусирајте се на активности кои бараат постојана динамика.  Родените во втората декада од овој знак би можеле да имаат проблем во врската.  Посетете лекар доколку имате и мали проблеми. Оние што се во брак или во врска може да очекуваат краток излет кој ќе ја направи врската уште поромантична.

Бик

Преиспитајте ја својата ранливост. Немојте да се обидувате да изглумите дека сте нешто што не сте. Имајте на ум дека можете да бидете тоа што навистина сте. Доколку планирате да излезете заедно со вашето друштво обидете се добро да си поминете, но внимавајте да не направите некоја непосакувана сцена со која ќе го привлечете вниманието на другите.

Близнаци

Ова е ваш ден и немојте да дозволите никому да ви го уништи. Многу е важно целосно да се фокусирате на она што сакате да го постигнете. Немојте толку многу да губите време на размислување како да стигнете до тоа. Само започнете. Битна е појдовната точка.

Рак

Отворете се и покажете ја вашата чувствителна страна. Колку повеќе ќе бидете подготвени да ги споделите со другите вашите чувства, толку и другите ќе ги споделат своите чувства со Вас. Разумот и чувствата ви се урамнотежени и тоа треба да го искористите како предност. Проширете ги своите гледишта и искористете го на начин рационално да им пристапите на своите емоции.

Лав

Можно е денеска да имате непредвидливи случувања. Доколку ви се случува подолг временски да одложувате одредени работи, денеска е совршен ден за да го направите тоа. Гледајте широко и што е најважно верувајте во себе.  Одржувајте го својот авантуристички дух, но секогаш бидете приземјени. Ова е единствениот начин да се заштитите себеси од непосакувани и непријатни ситуации.

Девица

Поседувате огромна способност да почувствувате што се случува под површината на секоја ситуација со која се соочувате. Можеби ќе треба да проверите дали личноста на која сметате е на ваша страна. Немојте толку многу да ги критикувате другите бидејќи, може да си создадете непријатели.

Вага

Сакате ситни озборувања за кои мислите дека се безопасни. Меѓутоа, не сте ни свесни колку можат тие озборувања да ја повредат личноста која е тема на вашите разговори. Ако веќе сакате да ѝ кажете нешто на таа личност, направете го тоа пред неа. Во денешно време чувствата можат многу лесно да се повредат, а покрај тоа, луѓето инстинктивно знаат кога некој зборува лошо за нив. На љубовно поле обидете се да ги држите работите под контрола.

Скорпија

Кога се во прашање одлуките за денес, направете го она што е најдобро за вас. Немојте да имате грижа на совест доколку мора да за­ршите некоја работа денеска. Направете го тоа затоа што сакате да го направите, а не затоа што се чувствувате должни кон некого. Ваша единствена должност сте вие самите.

Стрелец

Денес е денот кога треба малку да си го одморите телото и духот од неодамнешните активности. Обратете внимание на д­талите на кои не внимававте додека се забавувате. Имајте доверба и слушајте ја својата интуиција иако е спротивна од тоа што е пред вас.

Јарец

Ова е идеален ден за вас, бидејќи умот ви е бистар и емоциите стабилни. Искористете ја оваа моќна комбинација за да ги зголемите своите желби и можности и покажете ја својата емотивна страна на другите. Токму денеска е денот кога можете да си остварите некоја ваша одамна неисполнета цел. Обидете се.

Водолија

Искористете ја вашата внатрешна енергија. Направете листа на приоритети. Време е подобро да се организирате. Посебно обрнете внимание на деталите поврзани со некој проект што го работите, и имајте трпение. Фокусирајте се. Забавете го лудачкото темпо и пронајдете време да уживате во убавите работи.

Риби

Ќе успеете да ги усогласите сите аспекти од вашиот живот. Сите работи ќе ви се одвиваат како што посакувате и токму по оној ред по кој очекувате. Бидете сигурни и самоуверени. Повеќе од кога било, ќе изнаоѓате решение за секоја ситуација. Вашата неверојатна моќ за перцепирање ќе ви помогне да согледате одредени работи кои многумина не успеале ниту да ги забележат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот