Дневен хороскоп за 4 април, сабота: Вагите ќе имаат поволен ден за љубов, Водолиите да ги менуваат лошите навики

дневен хороскоп

ОВЕН

Среќни сте поради тоа што сте ги постигнале своите цели на работното поле. Очекувајте позитивен ден. Ви се допаѓа личнсот која на некој начин е дистанцирана од вас. Внимавајте што јадете, чувствителен ви е стомакот.

БИК

Поволен период за нови случувања на ова поле. Очекувајте позитивни пресврти. Можно е партнерот да покажал чувства и нежност кои ви биле потребни. Проблеми поради нервоза.

БЛИЗНАЦИ

Имате опуштен ден во кој ќе успеете да остварите подобра ситуација на полето работа. Саканата личност ќе покаже дека е подготвена за нови промени во вашиот однос. Можно е да сонувате за деца и фамилија. Ве мачи киселина.

РАК

Имате пресврти кои не ги очекувате но тие ќе ви навестат еден подобар пат. Ви пречи однесувањето кој го покажува вашиот партнер. Односот кој го имате станува напнат и не знаете кое е решението. Барајте совет од лекар.

ЛАВ

Доста работи се неизвесни и чувствувате дека имате многу потешкотии кои сега ќе мора да ги решите. Личноста која ви се додворува покажува дека е подготвена со вас да прави сериозни планови за заедничка иднина. Проблеми со очите.

ДЕВИЦА

Поволен ден за нови планови. На полето работа ќе ви се укаже шанса за некоја нова соработка. Не знаете како да реагирате на провокациите кои ви ги нафрла саканата личност. Внесувајте повеќе магнезиум.

ВАГА

Подготвени сте да покажете дека сте одговорни и дека ќе дадете се од себе за да ги остварите вашите амбиции. Во текот на денешниот ден ве очекува поволен период за љубов. Мали проблеми со кожата.

ШКОРПИЈА

Очекувајте прилика за нова работа доколку сте во потрага за истата. Судбината ќе биде на ваша страна. Ќе направите се што е од вас за да ги остварите своите желби. Јавете се кај лекар поради контрола.

СТРЕЛЕЦ

Склопување на нов договор би можел да ви отвори нова врата кога е во прашање вашата работа.  Ако сте слободни, надевајте се на позитивни околности на полето емоции. Одлично.

ЈАРЕЦ

Имате многу обврски, па важно е да направите добра организација. Емотивната ситуација би можела да ви биде нестабилна доколку сте во врска со личност која е зафатена. Внесувајте повеќе витамини.

ВОДОЛИЈА

Низ среќни околности доаѓате до нови работни прилики, но и до нови информации кои ви се значајни. Новата љубов е пред вас и може да се надевате на остварување на среќа. Менувајте ги лошите навики.

РИБИ

Работа: Ве очекува фаза во која ќе бидете задоволни од околностите на полето работа. Пред вас е поволен период. Имате доверба во вашиот партнер. Очекувајте дека ќе успеете да остварите добар однос. Добро се чувствувате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот