Дневен хороскоп за 3 декември: Ви недостасува чувството на романтика и нежност

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите за денес? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 3 декември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Успехот ви доаѓа бидејќи претходно сте биле добро подготвени, со одличен план. Затоа, ќе бидете наградени со голем прилив на пари, или со покачување на платата и унапредување. Што се однесува до емотивниот живот, вашиот партнер се крие од вас, бидејќи се плаши од вашата сила и енергија.

Бик

Денес се советува пред да ги наполните батериите, да не почнувате ништо што е поврзано со работата. Испланирајте активности по можност надвор од работното место и разговарајте со саканите – тие две работи ќе ви го вратат ентузијазмот. Во љубовта имате штетни навики, а доколку не ги промените, најголема штета ќе си нанесете самите себеси.

Близнаци

Денес ќе бидете толку расположени и ентузијастични така што ќе направите многу работи без претходно да ги испланирате. Решени сте да го исклучите мозокот и да се препуштите на инстинктите. Спонтаноста ќе ви го одбележи денешниот ден. Несовршеностите нема да ве измачуваат повеќе. Самодовербата ви е на максимално ниво.

Рак

Денес нека не ве изненадат тензичните односи со блиските, ќе мора да ги контролирате реакциите. Смирениот пристап на финансиските проблеми ќе биде половично решавање. Во љубовта партнерот ќе има потреба од вас, па не бидете себични. Колку и да ви изгледа смешна ситуацијата, клучот е во поддршката.

Лав

Бунтовната природа која спие во вас, денес ќе се разбуди, па нема да можете ништо да премолчите. Слободно зборувајте за проблемите, борете се против неправдите и бидете гласот на оние кои не се слушнати. Ќе бидете како магнет за позитивни личности, па околу вас ќе преовладува смеата.

Девица

Денес мора да бидете физички поактивни ако сакате да го сочувате расположението и здравјето. Интуицијата ќе ве послужи доколку бидете ставени пред одлуки поврзани со иднината. Во љубовта нема потреба да внесувате тензии. Посмирено поставете ги прашањата. На тој начин и ќе го добиете одговорот што го сакате.

Вага

Во вас сѐ ќе „врие“ и нема да си дозволите овој ден да ви помине пасивно. Ќе сакате акција, дружења, работа, па затоа ќе сакате да бидете опкружени со лица кои ќе ве туркаат кон предизвици и возбудливи моменти. Вие сте личност од акција. За вас ден поминат без работа е празен ден. Не сакате да безделничите, туку сакате да придонесувате.

Скорпија

Денес верувајте им на долгорочните визии и планови што ќе ги имате. Избегнувајте негативни коментари кои може да ве поколебаат во замислите. Приватно, на секој проблем пристапете му смирено, во спротивно стресот ќе ви се одрази и на врската, но и генерално на вашиот живот. Затоа, во љубовта бидете подиректни.

Стрелец

Денес отворено ќе ги покажувате вашите чувства, особено оние што се романтични. Можно е некој да ви помогне да го освоите срцето на оној кој ви се допаѓа. Ќе му бидете благодарни за услугата. Не барајте логика за сè што се случува околу вас. За многу нешта нема да можете да најдете објаснување.

Јарец

Со цело внимание ќе дискутирате со колегите, ќе ги слушате нивните идеи и ќе ги решавате проблемите кои долго биле одложувани. Избегнувајте тензични деловни повици. Потребна ви е подобра организација на финансиите. Во љубовта слободно впуштете се во љубовни предизвици, ви недостасува чувството на романтика и нежност.

Водолија

Денес ќе бидете преплавени со оптимизам. Ви претстои светла иднина, но нема да седите со скрстени раце, чекајќи некој да ви ја даде на послужавник. Ќе работите за неа. И притоа, не бидете скромни. Барајте многу и ќе добиете многу. Сите цели што сте си ги зацртале, потрудете се да ги реализирате. Вложувате голем труд во сѐ што правите.

Риби

На деловно поле, мора да бидете повеќе насочени на соработката со другите. По секоја цена сакате да оставите позитивен впечаток на колегите и соработниците. Особено поради фактот дека меѓу нив се наоѓа личност која многу ви се допаѓа. Го знаете правилото дека работата и задоволството не треба да се мешаат. Затоа, бидете претпазливи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот