Дневен хороскоп за 3 август: Бидете малку поскромни – тоа е доблест

дневен хороскоп

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 3 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Ве очекува поволен ден. Не треба да имате големи грижи на полето на работата. Доколку сте слободни, ви следи ново познанство со личност родена во знакот на Лав. Ве очекува поволна ситуација за почеток на нова врска. Отворени сте кон личноста што ви се допаѓа и таа го почитува тоа. Внимавајте што јадете овој
период.

Бик

Оние во врска ќе поминат интересен ден полн со размена на идеи и мислења. Оние што се сами, исто така ќе имаат квалитетна дружба. Многумина денеска повеќе ќе се потпираат на сопствениот авторитет, отколку на знаењето. Сепак, ќе успеете во она што сте го наумиле. Совет: Бидете малку поскромни, тоа е
доблест.

Близнаци

Оние што се во брак или во сериозна врска, ќе сфатат дека денот е одличен за повторно запознавање со партнерот. Бидете внимателни при изборот на дополнителните работни активности да не станете жртви на стресот, трчајќи по пари. Направете план како да ги решите сите прашања поврзани со вашите
финансии.

Рак

Максимално сте им посветени на обврските и сакате да остварите напредок на деловно поле. Во љубовта не ви паѓа напамет да преземете иницијатива во односот со саканото лице, важно ви е само блискоста да не се загуби. Ако сте сингл, ве очекува средба со личност со која сте создале многу силна хемија и
привлечност.

Лав

Обично разговорот носи разјаснување на некои работи и фрла сосема ново светло врз новата ситуација. Сепак, може да се случи некои работи што се толку очигледни да бидат турнати под тепихот, а разговорот ќе продолжи за неважни работи. Ќе успеете во она што го сакате единствено ако бидете јасни во она што
сакате да го кажете.

Девица

Под влијание на денешната планетарна енергија, би можеле да бидете малку нејасни во она што сакате да го кажете. Не дека сакате да бидете енигматични или да ја скриете вистината, туку едноставно ѕвездите ќе си играат со вашите зборови и мисли. Ќе го кренете вашиот авторитет ако го кажете она што го
мислите.

Вага

Интересни сте, па не е чудно што сите ќе сакаат да го поминуваат времето со вас и да ви прават услуги. Ќе имате пријатни разговори кои ќе ви го донесат во животот тоа што ви недостига. На работа ќе бидете креативни и ќе покажете колку сте талентирани. Контролирајте ги емоциите за да ја ублажите потенцијалната штета.

Скорпија

Можеби ќе ви биде тешко да добиете информации од една личност. Најверојатно, под влијание на денешната планетарна енергија, ќе сакате да слушнете одредена изјава за чувства, што може да предизвика проблем. Опуштете се и уживајте во добриот разговор, а тој дел ќе дојде сам по себе. Немојте ништо да форсирате.

Стрелец

Денес, во еден момент би можеле да сакате да ги покажете своите емоции, а во друг може да ги сокриете. На некој начин, не сакате вашиот потенцијален партнер да знае сѐ за вас веднаш, па затоа ќе бидете малку молчаливи. Меѓутоа, вие сакате да дознаете што повеќе за него. Еден од вас двајца ќе мора да попушти.

Јарец

Оптоварени сте со различните проблеми кои ја нарушуваат и попречуваат вашата концентрација. Тешко го прикривате вашето незадоволство на средбата со соработниците. На емотивно поле, избегнувајте го принципот на емотивно казнување или ривалство. Простете му ги малите грешки на партнерот.

Водолија

Во принцип, сакате да се согласите на компромиси за да постигнете договор со партнерот и мразите да ја нарушите хармонијата меѓу вас. Сепак, планетарната енергија ќе ве поттикне на разговор со јасна цел и став, на кои вашиот партнер нема да се осмели да се спротивстави. Нема простор за компромис и ќе бидете задоволни.

Риби

Сакате да играте игри со партнерот одвреме-навреме, но денес ќе бидете посебно расположени да го однесете на долго патување. Разговорот ќе биде многу заводлив, а вие ќе можете да го однесете во правецот во кој сакате. Одлично ќе користите скриени и тајни зборови, за да го добиете она што го
сакате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот