Дневен хороскоп за 29 ноември: Ве очекува почеток на нова работа

img alt
Што ни предвидуваат ѕвездите за денес? Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 29 ноември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Денес е еден од оние денови кога сте расположени и сѐ ви оди од рака. Слободните припадници на овој знак ќе влезат во љубовна врска со Стрелец. Интересна комбинација од два огна. Добро ќе се чувствувате. Колку само размислувате за деловна соработка преку океанот. Покренете се. Ќе има пари.

Бик

Саканата личност ве поттикнува на добра соработка со странци. Се држите одлично. Полни сте со впечатоци од разговорите со странските клиенти. Продолжете да соработувате. Слободните ќе имаат емотивна приврзаност кон некоја личност преку електронска пошта или социјалните мрежи.

Близнаци

Дали сакате работа во странство? Ќе ја добиете. На емотивно поле, сакате да запознаете некој од друга држава и да воспоставите љубовна врска. Верувале или не, ќе ви се случи и тоа. Совет и здравје: Не сакате премногу да се грижите за здравјето, но, барем обрнете повеќе внимание на внесувањето на витамини.

Рак

Не сте ги заборавиле своите стари соработници кои понатаму сакаат да работат со вас. Желбата ќе им биде исполнета. Но, и вие ќе имате придобивки од работењето со нив. На емотивно поле, денешниот ден е фантастичен за љубов, емоции, страст. Денес ќе се откријат вистинските емоции. Уживајте со полна душа.

Лав

Иако водите сметка за секој денар, никако не можете да ги средите финансиските дупки. Имате поголеми трошоци. Ќе ви бидат потребни пари за да решите еден семеен издаток. И во овој момент, партнерот ќе биде тој кој ќе ви помогне. Ве очекува почеток на нова работа. Ќе треба однапред да испланирате некои деловни работи.

Девица

Излегувате од кризата. Ќе барате пари од саканата личност. Не сте го одбрале вистинскиот момент. Можно е да наидете на мала препрека, затоа што емотивно сте се врзале за личност која не се грижи за ништо и која не се интересира за ништо. На здравствено поле, немате поголеми проблеми.

Вага

Не штедете се при покажувањето на емоциите кон партнерот. Се наоѓате на врвот на љубовта, затоа искористете го секој момент и уживајте. Емотивно сте задоволни, а тоа ќе ви помогне да решите професионален проблем. Сето тоа не значи дека треба да се олабавите, потрудете се да се докажете.

Скорпија

Интересните случувања во емотивниот живот уште повеќе ќе ја доведат до израз вашата позитивна енергија со која зрачите пред околината. Но, внимавајте да не претерате со искажувањето на чувствата, можно е да бидете погрешно сфатени. Работата од вас бара да бидете систематични, па затоа сѐ ви поаѓа од рака.

Стрелец

За доброто расположение бидете му благодарни на партнерот и на вистинските пријатели. Иако успехот е загарантиран, тремата и постојаната тензичност се неминовни одлики кои може да ве следат до искачувањето на врвот. Не избрзувајте со некои одлуки, почекајте да дојдат подобри денови.

Јарец

Пријател ќе ве поттикне да го преземете најхрабриот чекор досега што се однесува на работата, па добро е да имате неколку подготвени говори, адути, идеи… Овој пат целиот фокус треба да го насочите кон работата. Потрудете се да им дадете предност на работите што носат видливи и конкретни резултати.

Водолија

Добро е да сакате да помогнете некому со своите совети со богатото животно искуство, но не треба да ги „гушите“ луѓето со вашите животни совети. Пристапете со разбирање и поддршка за да ја подобрите ситуацијата. Практично размислувате, вредно работите и вашето однесување на работа многу се почитува.

Риби

Едно ваше долго пријателство ќе се распадне, буквално ќе бидете „скршени“ од болка, бидејќи не сте ни помислувале дека заради безначајни работи ќе дојде до такво ескалирање и непријатна последица. Иако ќе се трудите да ги средите работите, се чини дека нема да успеете во тоа. На крај, ќе треба да се помирите со реалноста.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот