Дневен хороскоп за 29 јули: Трошите премногу време на неважни работи

дневен хороскоп

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 29 јули, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Денес ќе се чувствувате попречени од некоја личност и од одредена ситуација. Ѕвездите нималку не ви ја олеснуваат ситуацијата, бидејќи тежината ќе ја почувствувате и дома. Би сакале за тоа да разговарате, но од некоја причина не можете. Мора да бидете искрени кон себе, без оглед на околностите и
последиците.

Бик

Денес ќе чувствувате мал прекин во односите со другите, ќе бидете некако далеку од саканата личност. Проблемот е веројатно во ставот и затвореноста. Ќе мора да поразговарате за да го решите тоа. Мора јасно да дознаете каде сте и дали е тоа она што го сакате. Доколку е така, тогаш преземете чекори за да го поправите односот.

Близнаци

Денес ќе почувствувате тежина и ќе ви биде многу тешко да се справувате со одредена ситуација. Ќе почувствувате како да сте „закачени“ за некој, а тоа ве прави како да сте нечиј товар. Ќе биде потребен отворен разговор, кој нема да биде нималку лесен, но дефинитивно ќе донесе резултати. Мора да направите сериозен чекор.

Рак

Ако се обидувате да решите некој однос со одредена личност, веројатно ви прави пречки некој шаблон според кој размислувате. Денес тој проблем ќе го гледате многу појасно. Ќе имате шанси да направите чекор напред во тој однос, ако искрено ги отворите картите. Во најмала рака, ќе се разберете еден со друг.

Лав

Денес можно е да дојдете до некој спротивставени односи и мислења со пријателите, околу некои проблеми кои ги мачат. Ѕвездите денес ви ги донесуваат ограничувањата на површина. Дали го зборувате она што навистина го чувствувате или само она што сакате да го слушнат? Имајте го на ум она што ве
мотивира.

Девица

Постои веројатно многу добра причина зошто не сте биле искрени кон ваши блиски луѓе. Тоа денес ќе биде нагласено. Но, сепак, сигурно постои добра причина зошто не сте можеле отворено да разговарате. Но, ако сакате да бидете среќни, ќе мора отворено да разговарате за искреноста помеѓу вас и партнерот.

Вага

Имате одлична можност да излезете од некои тешки ситуации, ограничени околности, но само ако јасно знаете што сакате од саканата личност. Ако досега сте имале проблеми во љубовните ситуации, тогаш време е да се запрашате – дали треба нешто да менувате – вашето однесување или пак, личноста?

Скорпија

Меланхолијата ви го разорува животот, немате желба ниту за работите кои порано ве правеле среќни. Размислете за животот во иднина, за вашите перспективи, и ќе сфатите дека всушност, работите и не се така лошо поставени. Премногу ги осудувате луѓето околу себе, па тие не знаат како да се однесуваат
кон вас.

Стрелец

Отсекогаш сте копнееле да бидете на врвот, да ви се восхитуваат сите, да бидете најпривлечни. Ѕвездите советуваат конечно да се симнете на земја, и подобро да размислите за вашите ставови и однесување. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Така ќе почувствувате дека сте се ослободиле од голем товар.

Јарец

Трошите премногу време на неважни работи, а ова ве преморува. Искористете ја креативноста за да ги одредите вашите приоритети. На професионално поле не потценувајте ги вашите идеи и почнете да работите на нив. Во љубовта ве очекува успех, без разлика дали сте сами или во врска. Ќе имате прекрасни
моменти.

Водолија

Навлегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Не го сакате тоа, но сепак ќе бидете во таква ситуација. Близок пријател ве лаже за неговите постапки. Сонувате да заминете во некоја друга земја и да се оддалечите од проблемите, но без реално соочување нема никакво решение. Соочете се и со партнерот.

Риби

Партнерот очекува да му овозможите нешта за кои искрено мислите дека не ги заслужил. На професионален план ќе ги научите лекциите од минатото и лесно ќе ги примените во сегашната ситуација. Од колегите ќе слушнете корисни вести. Љубовта нема да ви биде најважна, почнувате да се оддалечувате од партнерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот