Дневен хороскоп за 29 август: Имате лошо претчувство во исчекувањето на нечиј одговор

Фото: Profimedia

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 29 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Релаксирано расположение и забавен дух се на денешното мени. Оптимизмот ќе се појави во вистинско време. Во добра форма сте, искористете ги околностите. На љубовно поле ќе посакувате бегство од секојдневието. Вие гледате каде е тревата позелена, наместо да ја направите вашата позелена.

Бик

Ќе имате можност за возбудливи состаноци кои ќе ви дадат крилја. Колегите ќе ве поддржуваат во сите работи што ќе ги правите и ќе ви помогнат полесно да ги решите проблемите. Направете план за трошење до крајот на месецот, бидејќи во спротивно финансиската ситуација ќе излезе од контрола.

Близнаци

Работата е стабилна, но можни се и некои помали грешки, кога е бракот во прашање може да има проблеми, бидејќи не сте во најдобри односи со партнерот. А згора не сѐ, и малата плата ве демотивира максимално и сѐ повеќе се трудите што помалку да работите.

Рак

Конечно ќе помине преангажираната фаза во која бевте, па од овој ден ќе можете малку да се опуштите на работното место. Во љубовта не грижете се доколку подолго сте сами, доаѓа убав период. Во љубовта ќе сфатите многу нешта, па емотивно ќе се регенерирате. И тоа многу ќе ви годи.

Лав

Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Една фаза од вашата кариера завршува и почнува нова.  Ќе ви претстават нов план за развој. Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќе заклучите дека сте ги решиле проблемите онака како што требало.

Девица

Поволната можност на деловна сцена, најчесто ја проценувате врз основа на нејзината практична примена или употребна вредност. Ве интересираат конкретните резултати, а не нечија приказна или големи ветувања без никакво покритие. Бидете упорни во своите намери.

Вага

Контролирајте ја вашата желба да избегате од секојдневните обврски и случувања. Склони сте да фантазирате или да прифаќате мали авантури со цел да се почувствувате живи и исполнети. Сѐ додека тие ваши мали испади не им попречуваат на вашиот професионален и личен живот, треба да ги практикувате.

Скорпија

Некои членови на семејството ќе ви бидат постојано во мислите. Имаат проблем и очекуваат помош. Во очекување сте на повик од некој кој не го познавате доволно за да бидете сигурни дека е доволно искрен кон вас. Ви претстои огромна заработувачка ако сте подготвени да се вклучите во некој нов проект.

Стрелец

Ќе ги исполните желбите доколку не го потрошите целото време размислувајќи за нив. Вашиот начин е да ги анализирате сите факти пред да дејствувате, но логиката само ќе ве одвои од вашите чувства. Наместо длабока анализа, навлезете во себе и поврзете се со сегашните можности за да се чувствувате подобро.

Јарец

Мора да бидете силни за да се соочите со новонастанатиот проблем. Својата доминација ќе ѝ ја наметнувате на околината. Од случувањата извлечете максимум. Малку сте пасивни, очекувате некој да ви понуди работа во која ќе можете да просперирате. Некоја Водолија ви прави сплетки, игнорирајте ја.

Водолија

Имате лошо претчувство во исчекувањето на нечиј одговор или на завршниот расплет на деловна сцена. Избегнувајте сомнителни понуди и деловни преговори со непознати личности. Имате впечаток дека некој има нешто против вас и дека е подготвен да ви направи некоја сплетка на работа. Имате на кого да се потпрете.

Риби

Ако се од спиритуална, духовна природа, успешноста е речиси загарантирана, но ако се од материјална, успешноста рапидно опаѓа во зависност од тоа колкава е вашата заглавеност во материјалноста. Оптоварени сте со проблемите на работа и сметате дека соработниците се многу неблагодарни за сѐ што сте направиле за нив.

Видео на денот