Дневен хороскоп за 28 септември: Ракови, прифатете го ТОЈ повик!

Profimedia
Фото Профимедиа

ОВЕН

Во љубовта сте релаксирани, а партнерот ве придружува во забавите. Задоволството е тука. На работа сте ефикасни, но само обидете се да не ги сфаќате туѓите зборови лошо и погрешно. Следете ги правилата, никој не очекува да сте совршени.

БИК

Ве привлекуваат тајните и мистериите. Можна е тајна љубовна врска. Изберете разум наместо страсти. Почитувајте ги новите правила и ред на работното место, напорно е, но тоа мора да го направите. Почнете да спортувате.

БЛИЗНАЦИ

Поемотивни сте од претходно, но тоа добро влијае врз вашата врска. Бидете поотворени кон саканата личност. Финансиската состојба е стабилна, а вие сте отворени за одредени ризици. Обидете се да вклучите повеќе физичка активност.

РАК

Каде и да сте, ќе ви биде пријатно. Околу една личност бевте скептични, но нема да погрешите ако го прифатите нејзиниот повик. На професионално поле следува доста стабилен период. Вдишете длабоко и релаксирајте се со активностите кои ги сакате.

ЛАВ

Постои ризик да пропуштите одлична љубовна прилика само затоа што сте нерасположени и затворени. Дајте им до знаење на оние кои ви значат. Во кариерата, можете многу повеќе отколку што давате. Откријте ги своите нови таленти и бидете професионални.

ДЕВИЦА

Љубовта е се поблиску до вас. Постојано се смеете и се чувствувате прекрасно поради тоа. Работата сакате да ја работите во мир, без непотребно менаџирање од претпоставените. Уметноста ви се допаѓа, посетете некоја изложба.

ВАГА

Комуникацијата со саканата личност е веќе полесна. Не дозволувајте љубовното минато да ве вознемири. Соработката со колегите ена високо ниво. Ви треба време да се прилагодите на новите правила. Занемарете ги предрасудите.

СКОРПИЈА

Интересни сте им на другите поради вашиот интелект и способноста за длабоки разговори. Чувствувате дека сте уморни од работата. Искористете го викендот да не мислите многу на тоа. Ако можете, препорачливо е и да отпатувате некаде барем на еден ден.

СТРЕЛЕЦ

Оваа недела беше релаксирачка за вас, а од викендов веќе сакате да започнете комуникација со повеќе лица од спротивниот пол. Тие ќе паѓаат на вашиот шарм, но ако сте во врска, не заборавајте дека партнерот постои. Работете го она што го сакате.

ЈАРЕЦ

Несигурни сте и збунети, но и покрај тоа емотивните односи се развиваат во позитивен правец. Конечно ќе ги дочекате и резултатите на работа за кои напорно се трудевте во текот на летото. Знаете дека можете и многу подобро од тоа.

ВОДОЛИЈА

Ќе се дружите и ќе имате комуникација со многу луѓе, па нема ни многу да мислите на љубовта. Вашите постигнувања на работа некако остануваат во сенка и тоа ве нервира. Верувајте во себе и во подоброто утре.

РИБИ

Ви следуваат интересни настани, а можна е и љубов од бајките. Мотивирани сте, но не запоставувајте ги и другите аспекти од животот. Одлично ви оди ако работите креативна работа. Опкружете се со весели луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот