Дневен хороскоп за 28 септември: Немојте да се залажувате дека сè што ќе слушнете е вистина

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 28 септември, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Немојте да се залажувате дека сè што ќе слушнете е вистина или дека нечии ветувања се доволна гаранција за деловен и финансиски успех. Подобро е да ја прифатите идејата на партнерот отколку да направите нова љубоморна сцена. Избегнувањето на вистината е погрешен избор. Разговарајте искрено за работите кои ви пречат.

Бик

Сè има своја граница или цена, така што работата има позитивни ефекти само под одредени услови. Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснувате своите желби во друштво на саканата личност. Смирете ја совеста, ќе ви годи мала релаксација.

Близнаци

Се грижите да се однесувате како перфекционист кој држи сè под строга контрола. Потребен ви е момент на инспирација. Некој предизвикува лавина од најразлични чувства и не знаете на што сте. Сакате да почувствувате интимна среќа. Вие сте во одлична форма.

Рак

Сакате да им објасните некои работи на луѓето од вашето деловно опкружување, но тие добро ги знаат, но не сакаат да ги прифатат. Ако сакате да го израдувате партнерот, размислете како ги презентирате своите идеи. Важно е правилно да ја канализирате вашата енергија.

Лав

Се обидувате да го одредите вашето место во деловните кругови, но и да зачувате добри односи со колегите. Не дозволувајте нечие однесување да ве испровоцира на погрешна емотивна реакција. Бидете потрпеливи од вообичаено. Контролирајте ја импулсивната страна на вашата природа.

Девица

Избегнувајте непотребен ризик што одредени соработници ве поттикнуваат да го преземете. Не можете да ги промените сегашните услови во ваша корист. Нема причина да очекувате премногу разбирање од личност која е под негативно влијание. Потребна ви е личност со слични афинитети. Обрнете внимание на некои весели содржини.

Вага

Имате добри идеи и предлагате корисни решенија, но еден од соработниците не сака да се „потчини“ на вашето влијание. Не дозволувајте некој да ве измами емотивно. Потребни ви се подобри критериуми при изборот на блиско друштво. Обидете се да ја подобрите вашата концентрација.

Скорпија

Понекогаш ви недостасува самодоверба и чувство за практична ориентација, но секогаш постои решение. Добрата волја „прави чуда“, понекогаш доволно е само да видите насмевка на лицето на саканата личност и денот да ви биде подобар. Избегнувајте различни ситуации кои ве вознемируваат психички.

Стрелец

Набрзина ќе прифатите нечија понуда, а потоа ќе се жалите што сте кажале или направиле пред вашите соработници. Бидете внимателни. Во афект, не правете работи што ја иритираат саканата личност. Непотребно будите нечија огорченост. Ќе уживате во некоја спортска активност.

Јарец

Не можете да го преземете водството или да создавате нови услови. Некој друг одлучува за заедничките деловни интереси. Нема потреба да се оптоварувате со туѓи коментари. Бидете дарежливи кон саканата личност. Избегнувајте дополнителни обврски кои премногу ве заморуваат.

Водолија

Вашите примарни интереси се од практична природа. Можете лесно да ги постигнете вашите деловни цели. Партнерот нема намера трпеливо да ја чека вашата одлука, туку презема изненадувачки чекор и иницијатива. Обидете се да ги прифатите работите такви какви што се.

Риби

Ако веќе се споредувате со луѓето од вашата деловна средина, знајте дека вашата предност е што избегнувате стереотипно однесување. Треба да се придржувате до докажани стандарди. Обрнете внимание на личноста која одговара на вашето расположение и сензибилитет. Важно е да го подобрите вашето расположение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот