Дневен хороскоп за 27 март 2019, среда

Фото Профимедиа

ОВЕН

РАБОТА: Денеска сте суптилни, интуитивни, креативни и талентирани.

ЉУБОВ: Во поглед на љубовта, ќе умеете да ги „ловите“ сите детали и да читате меѓу редови, но воопшти нема да ви се зборува за себе.

ЗДРАВЈЕ: Поспаност и умор.

БИК

РАБОТА: Вработените во затворени институции ќе имаат ден полн со предизвици.

ЉУБОВ: Оние кои се сингл ќе сонуваат и фантазираат за љубовта и ќе се чувствуваат сосема удобно во однос на тоа.

ЗДРАВЈЕ: Изразена интуиција, слушајте ја потсвеста.

БЛИЗНАЦИ

РАБОТА: На работа ќе биде напорно, но благодарение на колегите, ќе бидете продуктивни.

ЉУБОВ: Некоја личност со која соработувате ќе флертува со вас, но вашето срце припаѓа на друга личност.

ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате генерално добро.

РАК

РАБОТА: Добро ќе соработувате со помладите колеги, а постарите ќе бидат отворени и љубезни.

ЉУБОВ: Ќе имате наплив на емоции кои можеби ќе ве збунат. На некои Ракови ќе им се остварат романтичните соништа.

ЗДРАВЈЕ: Побарајте масажа на рамениците.

ЛАВ

РАБОТА: Можеби ве заморува работата, но денеска ќе резултира со квалитет.

ЉУБОВ: Сè што моментално ви недостига, ќе го надоместувате со секс.

ЗДРАВЈЕ: Верувајте ѝ на интуицијата и вежбајте повеќе.

ДЕВИЦА

РАБОТА: Ќе имате поволен период за финансиски резултати.

ЉУБОВ: Некоја од личностите со кои соработувате сака да ве запознае приватно, но вие сте паметни и го држите тоа на дистанца.

ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате добро во своја кожа.

ВАГА

РАБОТА: Имате шанси да договорите добра зделка. Бидете паметни.

ЉУБОВ: Вашата драга личност би можела убаво да ве изненади со својата попустливост.

ЗДРАВЈЕ: Проверете ја крвната слика.

СКОРПИЈА

РАБОТА: За оние кои работат со луѓе, следува поволен ден. Креативците можат да одморат.

ЉУБОВ: Денеска ке уживате во друштвото на саканата личност. Потрудете се да ѝ дадете до знаење дека ви значи, бидејќи може да ви се налути.

ЗДРАВЈЕ: Заслабнат имунитет.

СТРЕЛЕЦ

РАБОТА: Одличен ден за нов договор кој парично ќе ви биде исплатлив.

ЉУБОВ: Она што сте си го ветиле, сега го остварувате и уживате во друштвото на саканата личност.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на алергиите.

ЈАРЕЦ

РАБОТА: Некои нешта одат подобро отколку што очекувате.

ЉУБОВ: Полни сте со емоции и подготвени сте да ги споделите со другата страна.

ЗДРАВЈЕ: Се чувствувате способни да направите сè.

ВОДОЛИЈА

РАБОТА: Колегите денеска ќе бидат подготвени да соработуваат и ќе ви дозволат да ескивирате.

ЉУБОВ: Ќе сфатите дека личност од вашето опкружување е заинтересирана за вас и нема да знаете како да се поставите.

ЗДРАВЈЕ: Внимавајте на дигестивниот систем.

РИБИ

РАБОТА: Креативните и уметничките професии денеска ќе им донесат сјај на Рибите.

ЉУБОВ: Излезете, можеби и ќе се вљубите.

ЗДРАВЈЕ: Генерално добра состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот