Дневен хороскоп за 28 февруари: Ќе бидете чувствителни на промената на времето

Овен
На професионален план ќе работите без напор и нема да се измачувате со премногу прашања. Имате добра перспектива, позитивен став. На емотивно поле, ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат.

Бик
Љубовниот живот ви е во подем така што сите ќе добивате само комплименти. Емоциите сигурно ќе влијаат на вас. Денот е погоден за средби со луѓе и за комуникација. Вашата емоционална интелигенција е на високо ниво и ќе можете да слушате и да дадете повеќе корисни совети. Ќе бидете чувствителни на промената на времето.

Близнаци
Ќе најдете задоволство токму таму каде што очекувате да решите некој проблем. Ќе бидете ефективни, но намалете го темпото, потребна ви е енергијата и за понатаму. На професионално поле ќе бидете позафатени и ќе мора да допрете подлабоко до знаењето. На љубовно поле лесно ќе ви одат разговорите, а на прво место ќе ви биде домот. Ќе мора да се помирите дека компромисот е некогаш најдобро решение и мора да попуштите.

Рак
Зошто да чекорите на земјата кога можете да летате? Дозволете амбициозноста да ве води денес и ќе се изненадите од постигнатиот успех. Да, ќе треба да ризикувате, но ризикот за вас ќе се исплати. Неочекуван телефонски повик ќе ве израдува на крајот од денот. Ќе почнете да комуницирате со личност што ќе ви стане екстремно блиска во иднина.

Лав
На професионално поле амбициите стануваат посилни, а на љубовно инстинктот ќе ви помогне полесно да го истуркате денот. Ако сте во врска, ви претстои страсна ноќ со партнерот, а ако сте соло, ќе флертувате со оној што ви се допаѓа. Прегрнете ги вашите најмили и кажете им колку многу ги сакате. Под денешното небо, ќе се чувствувате благословени што го имате вашето семејство. Ќе почувствувате затоплување на односите со жена која е многу важна за вас.

Девица
На професионално поле, заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас, но овој пат така е најдобро. На емотивно поле, вашите скриени чувства денеска ќе излезат на виделина, на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети, но ќе ви биде мило. Ситуацијата на љубовно поле ќе се одвива како што посакувавте.

Вага
Многу важен ден за оние што се сами – имаат голема шанса да запознаат некого, па дури и да се вљубат. На работното место сте осудени, внимавајте како се однесувате, пријателството и бизнисот не можат да се мешаат. Вашата емоционална интелигенција е на високо ниво и ќе можете да слушате и да дадете повеќе корисни совети. Психофизичката форма не претставува проблем, но користете ги викендите на отворено за да ги обновите бронхиите кои се ваша слабост.

Скорпија
Групните активности и тимската работа ќе ви одат во прилог и добро ќе ви влијаат. Сепак, бидете трпеливи и имајте осет кон другите членови. Никој нема да ви го наруши оптимизмот и доброто расположение. На љубовно поле очекувајте промени на подобро. Поставете силни темели и бидете спонтани. Ги гледате работите појасно и постигнувате баланс.

Стрелец
Што велите за појадок во кревет со саканиот? Денешниот ден ќе ви биде страстен и исполнет со љубовни изненадувања. Разговарајте со саканиот за вашата врска и видете каде ќе ве одведе тоа. Соло сте? Ќе се заљубите на прв поглед. Најдете повеќе време за одмор, за филм и книга и сите нешта ќе бидат во ред.

Јарец
На професионално поле, резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина, со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Нови проекти, нови соработки, нови успеси. На емотивно поле, ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив.

Водолија
Од некои од додворувачите ќе добивате убави љубовни пораки и подароци што ќе ви се допаѓа многу, но пред сѐ одлучете дали си одговарате еден со друг. Многумина ќе гледаат пример во вас кога станува збор за вашето однесување на работа. Постои шанса да се сретнете со луѓе со кои зборувате на ист јазик и да разменувате идеи и мислења.

Риби
Лесно ќе се справите со пречките и без проблем ќе ги надминете. Избегнувајте токсични луѓе и контакти. Разговорите што ќе ги водите денес ќе ве охрабрат и ќе ви влијаат позитивно. На професионално поле стигнувате до крај на некој проект, а на љубовно владее мир и шарм. Нема ништо да ви биде тешко. Не се обидувајте сите товари да ги ставите на ваш грб, ослободете се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот