Дневен хороскоп за 25 септември: Настаните што ви претстојат ќе ви донесат среќа

Овен
Некој се нуди да ви помогне, но не сте сигурни дали зад тоа стои пресметливост и манипулативност. Не сакате после да ја враќате услугата на начин што не ви одговара. Партнерот денес ќе ве потсети на ветувањето што не сте ги исполниле. Обврските ви служат како изговор и ќе се обидете да го свртите разговорот на друга страна.

Бик
На другите им се допаѓа вашиот начин на размислување и идеите што ги презентирате. Не двоумете се да разговарате отворено со некој што го сметате за авторитет во вашата деловна област. Ќе наидете на добар прием и разбирање. Денес партнерот ќе се обиде да ве потсети на договор што упорно го избегнувате.

Близнаци
На емотивно поле, ќе мора да се согласите на нешто што не ви се допаѓа во моментот. Интересни настани и сплет на добри околности, па затоа ќе биде многу полесно да извршите некои здодевни обврски. Интелектуално сте повеќе од силни, па искористете го ова време за да решите некој проблем што ве мачи подолго време.

Рак
Нови решенија за старите проблеми. При средбата со некој што ви е симпатичен, ќе бидете разговорливи, духовити, интересни. Потребен ви е одмор. Препуштете им на вашите колеги да ги извршуваат комплицираните работи, кои бараат многу напор. Денес некоја личност ви буди емотивно интересирање и добро расположение.

Лав
Настаните што ви претстојат ќе ви донесат среќа. Оваа обврска ја одложувате веќе извесно време и буквално ќе бидете притиснати до ѕид. Ќе се изненадите затоа што вашиот соговорник ви годи многу повеќе отколку што очекувавте. Разговорот може да се одолговлекува, па дури и да биде проткаен со заедничко излегување на ручек.

Девица
Денес тешко дека ќе можете да избегнете некој што е упорен да зборува со вас. Ако се занимавате со приватен бизнис, сте стигнале до крајот односно никогаш не било полошо. Поради проблемите на работното место имате намалена самодоверба, а тоа се одразува и на вашата емоционална сфера.

Вага
Од денес влегувате во период кога мора да обрнете повеќе внимание на тоа како се однесувате кон другите. Ако денес се однесувате премногу амбициозно и препотентно, ќе наидете на голем отпор од околината или забелешка од вашиот претпоставен. Партнерот ќе ви забележи дека се однесувате арогантно кон него.

Скорпија
Во психолошка смисла сте склони кон депресија. Можен е повик на член на вашето семејство, што ќе ги замрачи вашите љубовни моменти или накусо ќе ве оддалечи од партнерот. Пред вас се нови можности, но за да се впуштите во нив, треба прво да решите една заостаната работа. Во секој случај, ќе имате напорен ден.

Стрелец
Има повеќе работи што вие треба да ги завршите, но за среќа полни сте со желба и енергија тоа да го постигнете. Функционирате под притисок и може лесно да дојде до проблеми. Многу работи ве оптоваруваат. Доколку сте слободни, денешниот ден ќе ви донесе можност да запознаете личност што ќе сака сериозна врска.

Јарец
Ако мислевте дека вчерашниот ден беше напорен за вас, тогаш добро подгответе се и за овој ден. Продолжување на приказната од вчера – конфликти со соработниците, истерување на волјата и на едните и на другите, обвинувања… Очигледно, ниту вие, ниту другата страна не сакате да попуштите. Нема крај на денот!

Водолија
Нема никаква смисла да го пренесувате вашето расположение на најблиските до вас и на луѓето на кои им сте драги. И денес е исклучително добро и стимулирачко. Некој ви дава индикации дека би сакал да ве запознае малку подобро да ве запознае, но вие ќе бидете „тврд орев“, па тој ќе треба малку да се измачи.

Риби
Денес некој упорно се обидува да ви противречи, но вие не обрнувате многу внимание на тоа. Свесни сте дека одредени луѓе што ве опкружуваат се „ситни души“ и нема да дозволите да ви го расипат расположението. А, денес сте посебно расположени, и тоа поради случувањата меѓу вас и партнерот во љубовта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот