Дневен хороскоп за 25 мај: Не дозволувајте никој да ги потценува вашите ставови

Овен
Ненадејно ќе ве обземе некоја голема желба за слобода. Избегнувајте носење некои големи одлуки денес, задржете си го мирот. Во искушение сте и луѓето околу вас гледаат дека се двоумите во љубовта. Не судете им на луѓето според изгледот.

Бик
Денес може да остварите многу добра соработка, која во иднина ќе води кон поголемо напредување. Сѐ повеќе се сомневате во своите чувства и ви се чини дека доаѓа време да ставите точка на односот со саканата личност. Проблеми со стомакот. Ќе имате проблем и несогласување во семејството, редно време е да го промените однесувањето кон најблиските.

Близнаци
Ентузијазмот некои луѓе ќе го гледаат како ароганција, бидете повнимателни околу впечатокот што го оставате. Потребна ви е личност што ќе биде нежна кон вас и ќе ги разбере вашите стравови. Ќе ви биде тешко сами да ги решите проблемите, па побарајте совет.

Рак
Сега е време да размислите за вашите интереси, да ги балансирате односите, особено оние во кои вие давате многу, но за возврат, добивате малку или ништо. Наместо да сте суетни и да се величате себеси, потрудете се на околината да ѝ пренесете нежност и топлина. Повеќе движење, а и добро е да се вратите на спортските активности.

Прочитајте и...  Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се вери со прекрасната актерка Никола Пелц! (ФОТО)

Лав
Подгответе се, општествениот живот од утре ќе биде поинтензивен и ќе имате можност да се сретнете со нови личности, поточно со вистинската личност што ви одговара и со која ќе имате совршена хармонија. Пореалниот пристап ќе ви овозможи да направите позитивна трансформација. Денот е одличен за средби со старите пријатели, па макар и виртуелно.

Девица
Бидете флаксибилни! Денес ќе се наложи да функционирате во околности што не ви се многу познати, но ако имате желба, ќе се адаптирате на нив. Не дозволувајте никој да ги потценува вашите ставови. Кажувајте го вашето мислење. Некој ќе ве потсети на ветување што сте го заборавиле.

Вага
Ќе се фокусирајте и на најситните детали и ништо нема да оставите на случајноста. Ќе играте со отворени карти и на блиските сè ќе им кажете во очи. Професионалните контакти само ќе се подобруваат и ќе ви се отвораат нови врати секој ден. Партнерот ненадејно ќе почне да има преголеми барања од вас. Пред вас е добар период за важни одлуки.

Прочитајте и...  Камерон Дијаз после бракот се откажа од глумата, но сега има нов начин на кој заработува! (ФОТО)

Скорпија
Имате цел пред себе? Разбудете ја целата ваша сила и тргнете кон неа, бидејќи денес само најрешителните Скорпии ќе ги постигнат своите замисли. Не плашете се од пречките, фокусирајте се на тоа како да ги надминете. Променете ги вашите секојдневни навики. Почнете го денот со енергичен појадок или тренинг. Тоа ќе ви годи.

Стрелец
Иако вашите очекувања не се преголеми, денес е неповолен ден за вас, па тешко дека ќе успеете да остварите дури минимум од планираното. Пред вас е период во кој ќе имате нови случувања на љубовно поле. Ќе имате многу самодоверба и ќе успеете да ја заведете личноста што ви се допаѓа веќе подолго време. Водете сметка за стомакот и за желудникот.

Јарец
Чувствувате дека ваш пријател се оддалечува од вас? Разговарајте со него во врска со тоа. Не дозволувајте вашите контакти да згаснат поради невнимание. Туѓото мислење може да ви стане исклучително важно денес. Сепак, тоа не значи да танцувате како што другите ви свират. Морате да ги следите своите инстинкти. Кога најмалку очекувате, денот ќе ви замине во сосема непланирана насока.

Прочитајте и...  Стил на неделата: Илина Арсова, планинарка, алпинистка и ликовна уметница

Водолија
По смеењето на вашите заеднички шеги, ќе се чувствувате многу подобро. Психофизичка форма: одлична! Ова е вистинскиот момент за полнење на батериите со позитивна енергија и да ги надминете хроничните болести. Очекувајте хармонија во љубовта. Денот ви носи голема смиреност и многу убави искуства. Денес нека се остварат илузиите и соништата.

Риби
Нема причина за грижа, вашиот љубовен живот од ден на ден оди во нагорна линија. Но, внимавајте, доколку сакате да започнете романса со некоја нова личност, време е да ги расчистите сметките со старата љубов. Користете го денот за расчистување на сметките. Борете се за сѐ што мислите дека ви треба и не се откажувајте од вашите соништа.

Прочитај повеќе

Северина во мини фустан ја „заскокотка“ фантазијата на фановите! (ФОТО)

Слободен Печат

Песната која беше најголемиот летен хит на Европа! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Едно од најскандалозните интервјуа во Холивуд: Вил Смит и Џејда Пикет Смит јавно разговараа за неверството! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Забележана интересна промена кај Меган Маркл: Ова е новата омилена боја на војвотката која испраќа силна порака! (ВИДЕО)

Слободен Печат

Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам се вери со прекрасната актерка Никола Пелц! (ФОТО)

Слободен Печат

Овие 5 раси на кучиња го имаат најубавото влакно! (ФОТО)

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Контроверзна и незаборавна, имала страшно детство, стотина љубовници, а од скршеното срце никогаш не се опоравила

Слободен печат

Често настинувате, уморни сте, анксиозни? Можеби ви фалат овие витамини

Слободен печат

Стил на неделата: Илина Арсова, планинарка, алпинистка и ликовна уметница

Ј.К.Д

Кој е всушност принцот Филип? Од тешко детство, бројни скандали до влез во 100-та година од животот

Слободен печат

Ипанема, eдна од најсекси плажите на светот

Слободен печат

Сонувавте дека се бакнувате? Во зависност од сонот еве што може да значи

Слободен печат