Дневен хороскоп за 25.04.2020

Profimedia
Фото Профимедиа

ОВЕН

Денес чувствувате мала напнатост, па затоа водете сметка да не дојде до некои непромислени реакции. Не ви е лесно да донесете исправни одлуки на љубовно поле. Водете сметка за чувствителноста на очите.

БИК

Некои околности на работно поле се против вас и не знаете како да се поставите. Ќе ви се укаже можност за нова врска. Пред вас е поволен период на промени. Ве прати несоница, а потоа и замор.

БЛИЗНАЦИ

Обврските кои ги имате на работното место успешно ќе ги завршите. Може да очекувате добар ден пред себе. Може да се надевате на позитивни промени во односот со саканата личност. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Може да очекувате добра комуникација во работното опкружување. Пред вас е сосема позитивен ден. Чувствата кои ги имавте кон саканата личност полека избледуваат и длабоко во себе чувствувате дека е крај. Посетете стоматолог.

ЛАВ

Среќата ве прати денес, па може да очекувате позитивни пресврти на работното место иако имавте проблеми. Уживате во флертот, но не сте подготвени да влезете во нова врска. Можеби имате некои лични несигурности. Здравјето е во ред.

ДЕВИЦА

Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат. Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира. Можни се мали нервози.

ВАГА

Денеска деловниот живот малку ќе ви трпи, бидејќи намерно и планирано ќе оставите време за саканата личност. После еден подолг разговор конечно ќе можете да се олабавите бидејќи ќе расчистите повеќе работи кои подолго време ве измачувале, па светот ќе ви изгледа многу поубав. А за вакви работи би вредело да избегате од работата и обврските.

СКОРПИЈА

Интересно ви е флертувањето само за проверка на својата умешност. Сватете дека врската во кој се наоѓате можеби е она што го сакате. Ако сте сами ве чека интересно познанство. Ќе имате среќа во работите во кои ви е ограничен пристапот. Ќе успеете да заработите одлична сума на пари, поради што ќе бидете задоволни. Ве очекуваат проблеми со зглобовите и коските.

СТРЕЛЕЦ

Денес ќе реализирате еден интересен контакт со странство или ќе примите вести од некој член на вашето семејство кој живее далеку. Но, без оглед на тоа каков ќе биде контактот, тешко дека ќе успее да ви помогне во надминувањето на сопствените фрустрации.

ЈАРЕЦ

Моменталните животни ситуации ве прават несигурни и дрски во однесувањето. Во долгогодишната емотивна врска почнуваат да се појавуваат некои одамна нерасчистени прашања, па затоа не е лошо да бидете малку потолерантни.

ВОДОЛИЈА

Денеска ќе имате ненадејни финансиски проблеми. Веројатно некој деловен проект кој требало да ви донесе профит, ќе отиде во сосема друга насока. Ако сакате да ја поправите оваа ситуација, ќе мора да ризикувате и да ловите во матно.

РИБИ

Контролирајте го својот внатрешен немир и не дозволувајте ситниците да ве извадат од такт. Немојте да се предавате на потиштеноста и депресијата. Фатете се за работа – таа е секогаш најдобар лек за таквите емотивни состојби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот