Дневен хороскоп за 23 јули: Немојте да ветувате повеќе отколку што можете да исполните

дневен хороскоп
Фото: Unsplash

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 23 јули, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Не грижете се поради малите нешта во вашата врска денес, бидејќи вашето внимание ќе биде насочено кон далеку поголеми, повозбудливи и дефинитивно поважни работи. Сегашното планетарно влијание може да предизвика стагнација во вашите желби и на вашиот партнер, но не дозволувајте тоа да ве оддалечи.

Бик

Сегашното астрално влијание може да ви помогне да сфатите како личноста за која мислевте дека е таа што ја чекавте или ја разбирате, е нешто сосема спротивно. Ако имате какви било љубовни намери кон таа личност, тогаш ова е вистински благослов, бидејќи ќе можете да ја видите и нејзината друга страна.

Близнаци

Ако имате големи планови за дружење вечерва, тогаш веднаш скратете ги. Во моментот астралното опкружување креира мали препреки, што значи дека нема да можете да го остварите тој свој план. Всушност, најдобро би било ако вие и вашиот партнер заедно уживате во помалку грандиозно опкружување и во интимна вечера.

Рак

Денешната астрална енергија може да создаде мала напнатост кај припадниците на вашиот знак кои се во постојана врска. Тоа, исто така, ги вклучува и плановите за иднината и за вашата врска воопшто. Можно е да сте нереални и преамбициозни. Денес, сведете ги тие карактеристики на минимум и сè ќе биде во
ред.

Лав

Денес очекувајте лавина од незадоволство. Ако сте во врска, може да има недоразбирање за тоа што чувствувате еден кон друг со вашиот партнер. Проблемот е што мислите дека поседувате повеќе енергија да се справите со моменталната состојба. Ќе мора малку да поработите на тоа што е навистина
можно, а што не.

Девица

Денес вие и партнерот ќе навлезете во длабока дискусија. Ако досега избегнувавте одредени проблеми кои настанале поради вашите верувања, тогаш ќе мора да поведете добар разговор што ќе расчисти сè. Овој проблем ќе предизвика тешкотии некое време, затоа мора да започнете да го расчистувате.

Вага

Ако денес има еден совет на кој треба да обрнете внимание, тоа е: „Немојте да ветувате повеќе отколку што можете да исполните!“. Тековната планетарна средина може да ве охрабри да започнете со освојување на една личност. Всушност, вие треба само да бидете тоа што сте – што е и повеќе од пожелно и
одлично!

Скорпија

Денес би можеле да направите нешто многу глупаво поради љубовта. Ако навистина не ви е грижа да правите будала од себе, тогаш сè е во ред. Ако повеќе сакате да ја задржите репутацијата на сериозна личност, тогаш бидете внимателни како реагирате – прво размислите па дури тогаш кажете.

Стрелец

Што и да правите денес, не паѓајте во искушение да натерате една личност да поверува дека сте нешто што не сте. Моменталната астрална енергија може да ви даде ветар во грб и да започнете со приказна која и нема некоја врска со вистината. Ако сакате да ја импресионирате таа личност, само бидете природни.

Јарец

Денес би можеле да најдете дополнителен извор за вашата храброст. Единствениот проблем е што можете да претерате. Ако му пишувате на некого кој сè уште не сте имале можност да го сретнете лично, но многу би сакале, тогаш мора внимателно да ги изберете зборовите со кои ќе опишете како се чувствувате.

Водолија

Може да дојде до мали назадувања. Ако мислевте дека денес ја преземате предноста во една ситуација кон личноста која ви се допаѓа, тогаш ова не е денешниот ден. Но, тоа не значи дека ништо нема да се случи. Напротив, ова може да биде тивок ден, низ кој можете лесно да поминете и да чекате за утрешната акција.

Риби

Размислете добро дали сакате да се впуштате во нешто подлабоко со личноста која штотуку се запознавте. Во спротивно, ќе биде потребно време да го вратите вашиот кредибилитет. Бидете храбри, но не и лудо храбри! Ако сте во врска, ќе сфатите дека не се согласувате околу тоа во кој правец треба да оди вашата
врска со иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот