Дневен хороскоп за 23.05.2020!

дневен хороскоп
Фото: Profimedia

ОВЕН
Овој ден ќе ви донесе прилики за запознавање на нова личност, со која брзо ќе посакате да поминувате повеќе време. Вашите замисли добро поминуваат кај претпоставените. Поработете на имунитетот.

БИК
Вашата елоквенција, шарм и самодоверба ќе ви донесат многу љубовни поени кај личноста која е заинтересирана за вас. Бидете побрзи и попрецизни во носењето нови одлуки. Внимавајте на дишните патишта.

БЛИЗНАЦИ
Добро ќе се забавувате и сакате да доминирате во друштвото. Тоа ќе му оди на нерви на партнерот. Потрудете се повеќе, за да може да испливате од хаосот. Разбистрете го умот.

РАК
Ви претстои пријатно дружење, но се чувствувате празно однатре. Нема да наидете на разбирање за вашите идеи, па чувајте ги за подобро време. Внимавајте на зглобовите.

ЛАВ
Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира. Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба. Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

ДЕВИЦА
Постојано размислувате за промена на работата, но се плашите да го направите првиот чекор. Љубовта не ви оди добро,но тоа воопшто не ве загрижува. Ве мачи несоница.

ВАГА
Не сте сигурни што точно сакате на полето на работата. Ви изгледа како сите работи да носат рутина која не ја сакате. Сакате мир и спокој во љубовта, но ве мачат драми. Внимавајте на своето здравје.

СКОРПИЈА
Полни сте со ентузијазам, уживајте во пријатните моменти и целиот ден искористете го за разговори со пријателите и блиските. Насочете се кон тоа целосно да ги задоволите потребите на партнерот, пријатно ќе го изненадите, а и самите ќе бидете среќни. Здравјето ви е одлично.

СТРЕЛЕЦ
Денес ќе запознаете многу интересни луѓе кои барем за малку ќе ви го збогатат животот и ќе ве исполнат. Ве очекуваат многу убави љубовни моменти, важно е само да бидете отворени и расположени за експериментирање. Подобрување на ситуацијата.

ЈАРЕЦ
Ќе добивате многу признанија од луѓето околу вас, посебно затоа што сте расположени да помогнете и да бидете поддршка за луѓето околу вас. Не заборавајте на партнерот, посветете му доволно внимание и одлучете се за компромис. Проблеми со камчиња и песок во бубрезите.

ВОДОЛИЈА
Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас. Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време. Внимавајте на грлото.

РИБИ
Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа. Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка. Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот