Дневен хороскоп за 22 септември: Динамичен ден за Девиците, романса за Стрелците

зодијак

Овен
Во текот на денешниот ден би можело да се потсетите на некои креативни способности што не сте ги користеле одамна. Вашата гордост не ви дозволува соработка со една личност која се поставува добро кон вас. Излезете со саканата личност, вечерва не останувајте сами дома.

Бик
Пуштете ја вашата фантазија и дозволете си креативноста да излезе од вас. Истиот потенцијал би можел да делува стимулативно и на интимно и сексуално поле. Вашата интуиција во врската е многу силна. Тоа ви помага да го средите својот емоционален живот.

Близнаци
Олабавете се и потсетете се на вашите зацртани цели. Во текот на денот ќе имате тенденција да анализирате некои постапки од минатото или ќе ги барате мотивите на некои луѓе за нивните однесувања и акции. Можеби ќе дојдете до заклучок дека треба да го промените ставот кон некои работи или личности?

Рак
Имате многу вештини и различни способности. Чувствувате наплив на емоции и имате внатрешни немири и не сте способни за правилна проценка на ситуацијата, па затоа е зголемена можноста за лоши одлуки и избори. Потребна ви е физичка активност.

Лав
Свртени сте кон семејството. Сакате на подобар начин да ги решите проблемите. Слушајте ги советите од блиските, но одлуките носете ги сами. Внимавајте на здравјето и внесувајте повеќе течности.

Девица
Професионалниот успех ве очекува, само морате да бидете поупорни. Честите промени во расположението ќе ве натераат позадлабочено да анализирате некои ситуации и моменти, кои ги сметате одговорни за тоа. Втората половина од денот ќе биде подинамична од првата.

Вага
Вашите емоции се разбудени и имате зголемени потреби за нежност и романтика. Прифатете ги поканите за излегување и уживајте со вашите пријатели. Некои од вас ќе сретнат одредени личности кои немале можност да ги видат подолго време.

Скорпија
Денес би можело да се појават неочекувани можности за кратки патувања. Ќе имате жив дух и ќе имате потреба за многу движење. Денот ќе изобилува со социјални контакти и размени. Ако можете да закажете средба со саканата личност, немојте да ја пропуштите приликата. Ќе ви биде многу убаво.

Стрелец
Денес ќе се истакне вашата романтична црта. Оние што се во врска или брак ќе можат да уживаат во прекрасните моменти со партнерот. Стрелците што не се во врска ќе имаат подобрен социјален живот и можност за нови познанства, а големи се шансите да доживеат вистинска романса кон крајот на денот.

Јарец
Денес околностите ви одат од рака и ќе се отворат некои можности иако не сте се надевале. Можеби чувствувате некаков внатрешен притисок и не знаете во која насока се движат партнерските односи. Не го притискајте партнерот и почекајте спонтан развој на настаните.

Водолија
Партнерот на нежен и опуштен начин ќе ви укаже на некои ваши лоши однесувања. Размислете за некои негови зборови, ќе сфатите дека е во право. Вашето добро расположение е заразно и ќе внесе позитивни искри и оптимизам во односот со блиските.

Риби
Денеска ќе сфатите дека некои работи сте ги заборавиле или сте пропуштиле да ги направите, но лесно ќе успеете да се вратите на прав пат и да го коригирате испуштеното. Саканата личност очекува ваша посветеност и присуство. Сепак, вие ќе можете само делумно да го исполните тоа. Моментално имате други приоритети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот