Дневен хороскоп за 22 март: Внимавајте на манипулативните соработници

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 22 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Некој ќе се обиде да ве убеди дека нивното решение е она што е исправно, но вие ќе бидете доволно мудри за да процените дека се работи за чиста манипулација. Избегнувајте да ги премолчувате суштинските проблеми пред проблемот, бидејќи ставањето работи „под тепих“ ќе биде најлошото нешто што ви се случило.

Бик

Денеска ќе мора да се консултирате со вашите соработници пред да донесете каква било одлука во врска со деловното работење. Повеќе мислења се секогаш добредојдени. При средбата со саканата личност, нема причина постојано да инсистирате на решавање стари проблеми. Некои приказни се завршени.

Близнаци

Моментално сте во дилема меѓу две деловно-финансиски можности. Секој има право да згреши, но важно е да извлечете добра поука од целото искуство. Нема потреба да се истакнувате во непознато друштво. Обрнете ѝ внимание на вашата сакана личност и оние теми кои се важни за двајцата. Само така ќе избегнете недоразбирања.

Рак

Ракови, денеска ќе бидете исклучително вешти во деловно-финансиските договори, но ни вашите соработници нема да бидат многу зад вас. Ќе постигнете одличен успех. Нема причина да ги потиснувате своите емотивни желби пред личноста која многу добро го познава вашиот карактер.

Лав

При средбата со соработниците, вие ќе делувате многу промислено и ќе барате практични решенија за проблемите со кои се соочувате. Што се однесува до љубовта, покажете поголема великодушност пред саканата личност. Избегнувајте ривалски однос со човекот кој е ваш најдобар пријател и кој секогаш изгра во „вашиот тим“.

Девица

Помислата дека се наоѓате пред другите ја претставува вашата потреба за доминација и желбата да воведете нови правила во деловното работење. Нема причина да ги преувеличувате своите потреби при средбата со саканата личност. Нема да можете лесно да ја промените туѓата волја и мислење.

Вага

Ваги, вам ќе ви биде важно да остварите конкретни резултати. Поради таа причина, многу ќе ве иритира тоа што вашите колеги ќе биде колебливи и несигуни во своите способности. На емотивно поле, вам ќе ви недостига поголема поддршка од партнерот. Испланирајте средба со личноста која ќе ви даде дополнителна енергија.

Скорпија

Скорпии, обидете се да ги употребите своите дипломатски манири при средбата со деловните партнери. Неколку пати размислете пред да изговорите некои работи. Денеска ќе се соочите со несогласување со партнерот, кому ќе му недостасува поголемо разбирање или добра волја од ваша страна.

Стрелец

Доколку ви е важно да ги тестирате своите интелектуални или практични способности, ќе биде потребно да имате прецизни цели по кои ќе се водите. Направете список со оние нешта кои ви се предизвик да ги направите. Избегнувајте напнати ситуации при средбата со саканата личност, ќе биде важно да има добри намери меѓу вас.

Јарец

Доколку сте доволно одговорни и верувате во своите планови, не дозволувајте да ве поколеба нечија приказна. Постапете онака како што ви вели внатрешниот глас. Потрудете се повторно да го освоите вашиот партнер и да изгледате неодоливо „само за негови очи“. Препуштете се на чувствата и уживајте во времето поминато со него.

Водолија

Делувате како личност која своите деловно-финансиски цели ги става пред заедничките интереси на колективот, па бидете спремни да добиете негативни критики за вашата себичност. Вашиот партнер има многу повеќе проблеми отколку што вие знаете. Покажете поголема емпатија за него и бидете негова поддршка.

Риби

Понекогаш постои разлика во деловните интереси, па не си ставајте на срце кога некој ќе ги одбие вашите идеи. Сепак, не дозволувајте некој да ви наметне инфериорна положба. Вашата сакана личност ќе има силна желба да поминува повеќе време со вас, па исполнете ѝ го тоа – од љубов никогаш доста!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот