Дневен хороскоп за 21.9.2019: Овните ги очекува љубоморна сцена, Вагите пријатно изненадување – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

Дневен хороскоп за 21.9.2019: Овните ги очекува љубоморна сцена, Вагите пријатно изненадување

Овен
Не сакате да зборувате за вашиот фамилијарен живот со никого, иако многу работи ве мачат. Близнаците ви даваат на знаење дека ги нервира вашата амбиција, а на вас ви се чини дека за многу прашања не сте ни прашани. Можна е љубоморна сцена со вашиот партнер или несогласувања со соработниците и тоа со силна причина.

Бик
Денес ќе забележите колку луѓе сакаат да бидат пријатели со вас. Тоа ќе биде така поради вашата способност за слушање кога некој зборува. Отворени сте кон туѓите идеи и не се навредувате дека некогаш никој не ги слуша вашите. Искористите ја вашата интуиција за да забележите кој меѓу луѓето има потреба од прегратка и утеха.

Близнаци
Подготвени сте на отстапки, особено кога станува збор за Овен или Близнаци. Во пријателските односи сте исклучитело фер и подготвени сте да се жртвувате за оние кои ви се драги. Вие сте во вашиот елемент особено ако денес се одлучите да решите некои прашања кои се однесуваат на големи пари.

Рак
Не прифаќајте понуди кои во ниту еден случај не ви одговараат, особено не ги прифаќајте понудите на некој Бик или Скорпија. Ако постои нешто што не сте го направиле како што треба, денес можете јавно да говорите за тоа, денешниот ден е погоден за настапи во јавност.

Лав
Свесни сте колку е важно тоа што луѓето го мислат за вас, но многу поважно ви е да бидете задоволни самите со себе. Малкумина ве разбираат и малкумина се подготвени да го направат она што го очекувате, особено ако сте млади и недоволно афирмирани. Трудете се да оставите што е можно подобар впечаток кај некој Бик или Јарец.

Девица
На некого сте му многу мили, тоа може да е една Вага која ќе ви предложи заедничка работа. Иако делувате отворени, всушност прилично сте таинствени кога станува збор за нов бизнис и друштвени врски. Ве нервираат оние кои се сомневаат во вашиот успех, не губете непотребно енергија на нив.

Вага
Многу ви е важно што за вас мисли некој Рак или некој Бик. Со некој Јарец тактизирате, не сакате сè уште да ја испуштите приликата која се однесува на можно напредување, иако, ако долг период сте незадоволни, подготвени сте да направите голем пресврт во работата. Ве чека големо изненадување.

Скорпија
Денешниот ден може да биде стресен ако не сте подготвени да се прилагодите на условите кои ви ги поставуваат Близнаците, Овенот или Девицата. Сепак, можете да очекувате дека добро ќе поминете, особено ако се занимавате со уметност и уживате во својата работа.

Стрелец
Не сте сигурни дали ќе бидат прифатени на прав начин од вашите колеги. Се чувствувате добро во поголемо друштво каде вниманието е насочено кон вас и постојано се трудите некого да фасцинирате.

Јарец
Не треба да ги потценувате своите комуникативни способности, но немојте ниту да се преценувате. Одработете си ги своите обврски зашто наскоро можете да се најдете во голем хаос. Потрудете се да си ги контролирате чувствата. Ве очекуваат убави моменти.

Водолија
Колку повеќе личности запознавате, толку посреќни ќе се чувствувате. Па затоа, започнете да разговарате со познаниците со кои досега не сте си разменувале повеќе од едно здраво. Напорите што ќе ги вложувате за проширување на друштвената мрежа, еден ден ќе ви се исплатат.

Риби
Верувате дека ќе ви се јави некој кој е подготвен да ви помогне да ги решите важните проблеми. Ќе добиете прилика да се сретнете со некој Рак во вечерните часови, можеби и со некој Лав или Јарец и со нив да ги поделите своите проблеми во врска со љубовта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close