Дневен хороскоп за 20 октомври: Има денови кога нештата едноставно не функционираат како што треба

Овен
Претераната самодоверба која денес ја чувствувате, може многу да ве исцрпи бидејќи понекогаш непотребно давате сѐ од себе, всушност, многу повеќе од тоа што можете да си го дозволите. Верувањето во некои блиски лица ќе ви создаде проблеми, внимавајте на кого му се доверувате. Љубомората лесно се активира. Денес ќе имате прилив на пари.

Бик
Хармоничните околности на работа не се само последица на тоа дека „sвездите се наместиле како што треба“, туку вие во претходниот период дадовте сѐ од себе да го направите тоа да функционира вака сега. И со партнерот денес сè ви оди како подмачкано. Расположението може само да ви се расипе поради некое патување или документација поврзана со него.

Близнаци
Има денови кога нештата едноставно не функционираат како што треба, без разлика колку и да се трудите. Овие не се големи работи, туку ситници, но доволно да се оптоварувате со тоа гледајќи како другите успеваат да завршат нешто околу што се вие се мачите. Иако еден од вашите колеги нуди да ви помогне или се обидува да ве расположи, тешко ви е.

Рак
Размислувате околу тоа како да ги решите проблемите кои ги имате во односот со партнерот. Потрудете се да се контролирате себеси и својата суета. Може да бидете склони кон претерувања. Оние што се сингл, ви се допаѓа личност која покажува дека не е сигурна дали воопшто сака нешто повеќе од флерт. Очекувајте позитивна атмосфера на работа.

Лав
На професионално поле, немате доволно концентрација и тешко ви паѓаат и основните обврски. На емотивно поле, сега е момент во кој врската или ќе ви напредува, или ќе се прекине. Имате чувство дека средни решенија не постојат. Некој од минатото пробува да се врати во вашиот живот, но вие тоа не го прифаќате бидејќи сакате да ги средите односите во сегашната врска.

Девица
Не можете секогаш да управувате со разговорот онака како што сакате. Денес, сте подготвени на сите да им „солите памет“ и да им објаснувате што вие би направиле доколку би биле на местото на некој друг. Со ваквиот настап, можете некои од соработниците да ги избркате од вас, а сериозно да го повредите партнерот. Не однесувајте се како дете!

Вага
Денес се обидувате да најдете заеднички јазик со сите, но и самите сте свесни дека тоа е невозможно. Сепак, ќе се обидете да дадете сѐ од себе. Семејните односи денес ќе чкрипат, па вашите обиди за балансирање славно ќе пропаднат. Иницијативата на брачниот партнер или на некој член од семејството околу некои ситуации само ќе ве иритира дополнително.

Скорпија
Вториот дел од денот не е нешто стимулативен, најверојатно е дека ќе се изморите од обврските во текот на претпладнето, па затоа ќе биде лесно да ве иритираат и да ве налутат. Смирете го вашиот остар јазик во контактот со авторитетните лица, а емотивниот партнер не го доведувајте во непријатна ситуација со расправија на јавно место.

Стрелец
Вашите повремени избувнувања им се добро познати на сите. Многумина тогаш бегаат од вас. Понекогаш можеби е добро да се издувате на тој начин, но понекогаш станувате напорни со ваквото однесување и луѓето полека почнуваат да ве избегнуваат. Вие потоа се покајувате, па се умилкувате како маче. Тоа не му оди во прилог на вашиот имиџ на работа.

Јарец
Ви се чини дека ја гледате вистинската слика за сè околу вас и знаете како треба да се поставите. Сепак размислете уште еднаш пред да делувате бидејќи вашиот поглед е многу едноставен, а ситуацијата комплицирана, па можно е да пропуштите нешто. Вашиот позитивен став пред другите ќе изгледа како слеп оптимизам. Вашата исплата е пролонгирана.

Водолија
Никако не постои начин да се организирате и да трошите многу време на обврските кои нормално ги завршувате брзо и беспрекорно. Поради ова, можете да вриете во себе и во вториот дел од денот да ја „истурите“ целата фрустрација на личноста која ќе биде блиску до вас. Ќе биде доволно ситница да ве испровоцира. Многу лесно тоа може да биде партнерот.

Риби
Денес, ќе ги ставате емоциите пред деловните обврски. Ќе ги извршите само потребните работи кои не можете да ги избегнете. Ништо нема да ве интересира освен љубовта. Се чувствувате полетно, енергично и не можете да дочекате да бидете повторно со личноста што ја сакате. Целиот ден ќе биде за паметење. Страстите ве тресат како никогаш досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот