Дневен хороскоп за 2 март: Можете да поместите планини!

дневен хороскоп

Овен

Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта. Многумина денес ќе
се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка. Вашиот интензивен
период ќе почне многу позитивни аспекти, а ќе дојде и она што го чекавте. Ќе им
бидете многу интересни на лицата од спротивниот пол, но нема да знаат на што
се додека се со вас.

Бик
Можете да поместите планини. Не бегајте од проблемите, одлучно одете на
промени. Потребен ви е некој како добар стимул и емоционална инспирација.
Бидејќи не можете да мирувате, здодевно ви е и постојано сакате забава. Но, тоа
влијае на вашето здравје. Некои од вас ќе уживаат во забавата со пријателите
или со некое хоби.

Близнаци

Не бидете нападни кон оние што ги сакате, дајте им простор за да бидат свои.
Вашите вештини конечно ќе станат препознатливи, а ќе доживеат и
унапредување. Денот ќе ви биде исполнет со позитивни реакции од членовите на
семејството. Динамични сте и не ве држи место. Сакате сè да направите, сега,
веднаш!

Рак
Соочувањето со другите ќе ви биде од помош. Работите околу вас се случуваат
брзо, мора да фатите динамично темпо, а не да се затворите. Инвестирате повеќе
во љубовниот живот, ќе ја докажете вашата посветеност, но може да се бара од
вас да ја покажете романтичната страна. Здравјето ќе ви биде чувствително,
избегнувајте напор.

Лав
Некој ги поставува правилата на однесување, а вие сте оставени да се помирите
со „доделената улога“. Тоа не ви се допаѓа. Не бидете арогантни кога се
среќавате со соработници. Задоволете се со просечните резултати. Избегнувајте
отворен конфликт со една личност. Спроведете ги целосно вашите деловни
намери.

Девица

Во интимните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот. Секој сака да
ужива на свој начин. Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на
неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци. Ќе бидете распнати меѓу
желбите и можностите. Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на
позитивен начин.

Вага

Целото внимание е насочено кон проблематичната ситуација што се одвива во
кругот на вашето семејство. Кулминацијата може да дојде денеска, бидејќи
аспектите на небото најавуваат итни и присилни промени. Иако чувствувате по кој
пат треба да оди вашиот понатамошен професионален развој, сепак, се двоумите.

Скорпија

Поголем излив на нежност пред некој близок има стимулирачки ефект врз вашата
врска. Вашиот партнер ви дава чувство на сигурност што ви недостасува.
Размислете кому треба да се приклоните во деловната соработка, оние што знаат
како да ја изберат вистинската тема автоматски ги добиваат најдобрите
резултати.

Стрелец

Расположени сте за игри и сериозноста нема да биде ваша карактеристика.
Весели сте и позитивно влијаете на околината. На љубовно поле зрачите и
привлекувате како магнет. Искористете ги шансите што ви се нудат, ќе наидете на
големо разбирање. Во работата нема да мора да вложите огромен труд за да
постигнете резултат.

Јарец

Во одредени моменти ќе мора малку повеќе да се посветите на компромиси и на
навиките на партнерот, но тоа ќе го направи односот уште поубав. Погледнете кои
луѓе може да ви помогнат, каде да најдете повеќе информации и како да ги
презентирате вашите идеи, така што и вашите шефови и колеги да можат подобро
да ги разберат.

Водолија

Колку е стабилно вашето друштво? Денес вашата меѓусебна доверба може да
биде ставена на тест, кој ќе го поминат само оние кои се искрени со пријателите.
Вистинското пријателство е посилно од сè. Заменете ги критиките кои си ги давате
себеси со искрени комплименти и пофалби. Кога се сакате себеси, ќе ги сакате и
другите.

Риби

Финансиите ви се многу променливи. Не ви е лесно да остварите стабилна
состојба на ова материјалното поле, а тоа ве оптоварува. На емотивно поле, ве
очекува интересен флерт кој може да води до сериозна врска. Новата љубов што
доаѓа може да ви донесе вистинска радост и олеснување. Се појавува личност по
ваша мера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот