Дневен хороскоп за 2 декември: Избегнувајте да донесувате важни одлуки, барем денес

дневен хороскоп

Овен
Ќе привлечете посебна личност што ќе ви го дава вниманието што го заслужувате. Бидете свои и покажете дека може да бидете незаменливи. За да преземете некоја иницијатива на вашето работно место, ќе ви биде потребна помошта од вашите соработници. Во љубовта избегнувајте да донесувате важни одлуки, барем денес.

Бик
Не дозволувајте да ви недостасуваат среќата, креативноста или љубовната инспирација. Вашите емоции го одредуваат вашето здравје. Обидете се престанете да се грижите, стресот не ви годи. Посветени сте и го очекувате истото од партнерот. Треба да зборувате отворено за вашите чувства и да споделите што посакувате.

Близнаци
Максимално ќе се ослободите од грижите кои ве водат по надолна линија, а немаат клучно значење. Не вреди да трошите енергија на некои работи. Потребно е да си ги синхронизирате работните обврски и да се координирате со колегите. Можни се превиди заради неорганизација. На љубовно поле оставате импресивен впечаток.

Рак
Пред вас се потези со кои можете да ги смените условите за работа за вас и вашите колеги. Внимавајте само да не избрзате со зборовите. Ќе се обидувате да бидете скромни во своите љубовни очекувања, но таквиот пристап нема да ви биде познат. Покажете им на своите соработници дека имате сериозни намери и јасни цели.

Лав
Анализирајте нечие предупредување повнимателно. И покрај големата упорност, не можете да ги наметнете вашите практични решенија. Подобро е да останете во нечија сенка отколку да започнете работа за кој немате доволно интерес или поддршка од мнозинството. Не правете работи коишто ја иритираат саканата личност.

Девица
Работата е во центарот на вниманието, ќе бидете посветени на реализација на вашите идеи и доколку е потребно, ќе преземете и одредени ризици. Не се срамете да ја истакнете својата способност. Слободно изразете ги своите чувства пред личноста која ви е важна. Ќе ве изненади нејзината реакција. Бидете посамоуверени.

Вага
Ќе ви се пружат идеални можности да започнете многу хармонична и плодна емотивна врска. Ако имате партнер, ќе наоѓате нови заеднички интереси. На деловно поле, преземете конструктивна акција за обезбедување залихи за во иднина, особено ако сте занимавате со приватен бизнис, односно со трговија на големо.

Скорпија
Навечер опуштете се во друштво на пријателите и семејството. Она што кај вас е најголем проблем е недостатокот на физичка активност и слабото движење, а последиците од таквата мрзеливост ќе бидат видливи. Вашето однесување кон партнерот е претерано сериозно и круто. Другата страна нема впечаток дека ве интересира.

Стрелец
Постојат ситуации што ги решавате со помалку успех отколку вашите соработници, избегнувајте конфликт со личноста која ви го наметнува своето конзервативно мислење. Премногу субјективно ги доживувате тековните настани во вашиот љубовен живот, па оставете го вашиот партнер да ги креира заедничките планови.

Јарец
Избегнувате разни „љубовни двосмислености“ или луѓе со сомнителна репутација, но на крајот не го постигнувате посакуваниот ефект. Не им верувајте на луѓето кои го кријат своето вистинско лице. Заслужувате многу подобро од тоа. Во љубовта ве очекува некоја важна промена. Без разлика дали е позитивна или негативна, ќе бидете подготвени.

Водолија
Ве очекува разговор со надредената личност која нема да пројде најдобро, затоа што другата работа не разбира некои работи. Ако сте сингл, пред вас е ново познанство кое буди желба за врска. Ако сте во врска, ќе внесете квалитетни промени во врска со партнерот и на тој начин ќе ја подигнете вашата врска на повисоко ниво.

Риби
Вашите ставови за убавината и естетиката ќе станат позрели и ќе имате подобар увид и разбирање за тие области, а ќе се стремите кон некои достигнувања поврзани со уметноста и музиката. Бидете одмерени во своите постапки, ви стои успех на деловен план по контактот кој ќе го остварите со некој пријател кој се наоѓа во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот