Дневен хороскоп за 18 март: Контролирајте ја вашата импулсивна страна

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 18 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Денеска ќе ви биде важно да им оставите убав впечаток на своите соработници, па затоа во мегаломански стил ќе прифатите повеќе различни обврски. Ќе се чувствувате вознемирено и ќе имате големи барања од партнерот. Сепак, за ваше добро, контролирајте ја вашата импусивна страна и смирете се.

Бик

Ако имате желба да ги остварите вашите деловни цели, вам ќе ви биде потребна нечија поддршка. Обидете се да ги соберете потребните информации од колегите. Размислете за тоа на кој начин треба да ѝ го привлечете вниманието на личноста која ви се допаѓа. Ако нешто ви оди, тоа е настојчивоста – вие мора да го добиете тоа што го сакате.

Близнаци

Дури кога ќе ја дознаете правата вистина, вие ќе сфатите на кој начин ќе треба да ги решите своите деловно-финансиски дилеми. Но, имајте внимателен пристап. Вашиот партнер ќе се жали на вашата постојана расеаност и заборавеност. Прифатете ги искрените критики и обидете се да ги исправите своите пропусти.

Рак

Ракови, вие ќе имате желба да го подобрите вашиот рејтинг на меѓу деловните кругови и да ги проширите вашите контакти и познанства. Затоа, не ги одбивајте поканите за забави по работното време. Обидете се да го испочитувате договорот кој го имате со партнерот. Во спротивно, ќе се соочите со разочарување од другата страна.

Лав

Денеска ќе биде важно да изберете ситуација која, паралелно, ги исполнува вашите лични желби за кариерен напредок, но и деловните интереси на компанијата за која работите. Бидете мудри. Нема причина да се однесувате театрално во друштво на саканата личност. Ќе постигнете поголем ефект ако смирено ѝ објасните што ви пречи кај неа.

Девица

Планот кој постојано се обидувате да го остварите во кругот на вашите соработници нема да претставува добро решение на долги стази. Размислете за тоа дека е време да се откажете. Доколку ви е важно да го разубавие односот со саканата личност, нема потреба да ѝ поставувате погрешни прашања и да ја ставате во провокативни ситуации.

Вага

Недоразбирањето во договорот со соработниците ќе ги пролонгира следните планови и заедничка акција. Направите компромис пред да биде доцна. Доколку ве оптеретуваат новите емотивни сомневања, разговарајте искрено со саканата личност и инсистирајте на тоа да ви ја кажат вистината. Но, не бидете нападни.

Скорпија

Доколку не се чувствувате продуктивно, размислете за промена на условите во деловната ситуација. Не дозволувајте да прегорите од работа – најважно е здравјето. Што се однесува љубовните односи, компромисот е најдобро решение под услов да го добиете максималното внимание од вашиот партнер.

Стрелец

Позитивните примери можат да ви послужат како добро решение за некои спорни ситуации. Угледајте се на некој кој има повеќе знаење и поголемо искуство од вас. Во односот со саканата личност, нештата нема да се одвиваат онака како што вие сакате. Но, најдете начин да ја прифатите ситуацијата и да не тагувате поради тоа.

Јарец

Преголемата ароганција од ваша страна ќе може да го искомплицира договорот поврзан со деловно-финансиската соработка. Останете професионални и личните ставови оставете ги за дома. Денеска ќе имате чувство дека не добивате доволно емотивно внимание и поддршка од партнерот. Размислете за тоа која е вистинската причина.

Водолија

Пофалбите што ги добивате од вашите соработници ќе ви бидат охрабрувачки. Денеска тоа ќе ви биде повреќе од потребно и со насмевка прифатете го тоа што ви го кажуваат. Обрнете повеќе внимание на една ваша блиска личност. Време е да разговарате отворено за се што ве мачи и што ви пречи во вашиот однос.

Риби

Впечатокот што го имате за некоја личност ќе се потврди како точен. Понекогаш е тешко да се објасни вистинската причина за нивното однесување. Ако вашите чувства се во согласност со гласот на разумот, постапете како што налага вашата совест. Нема причина да се чувствувате виновни. Дајте си шанса да се релаксирате.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот