Дневен хороскоп за 18 мај: Многу работи ве нервираат, но шансите за компромис и натаму постојат

Овен
Може да очекувате добра комуникација во работното опкружување. Околу сѐ лесно се договарате со соработниците. Чувствата кои сте ги имале кон поранешниот партнер, повторно се будат и подготвени сте за смирување. Преземете ја контролата врз работите, без да влегувате во непотребни ризици. Не потклекнувајте лесно пред искажана нежност или убав збор.

Бик
Ќе избегнете некој конфликт и ќе успеете да ги измазните односите. Добро сторено! Вашиот ум работи со брзина на светлината. Изборите што ги правите инстинктивно овој пат ќе се покажат како вистинскиот избор. Ќе мора да се справите со работите и личностите што ви ја забавуваат врската. Со нежен пристап и хумор ќе ја подобрите љубовната врска.

Близнаци
Денешните настани ќе ве поттикнат да се извините за секоја ваша постапка или да поправите нешто што не сте направиле како што треба. Ако не сте заедно со партнерот, дајте ѝ на друга личност можност да ви каже што мисли или чувствува, па шансата да откриете каде лежи проблемот ќе биде поголема. Ве очекуваат бурни времиња на секое поле.

Рак
Голема среќа ве очекува кога е во прашање работата. Може да се надевате на решавање на вашите проблеми. Ви се нуди шанса да преминете на работно место кое повеќе ќе ви одговара. Љубовното поле е променливо кај вас, и тешко ви е да најдете партнер за стабилна врска. На полето емоции ве очекуваат пречки со партнерот. Многу работи ве нервираат, но шансите за компромис и натаму постојат.

Лав
Споделувајте ги сите нешта со саканата личност и кажете што ви се допаѓа или не ви се допаѓа, и што ви одговара или не ви одговара. Денес не е задолжително да покажете иницијатива, ако не се чувствувате во кондиција. Многу поважно за вас ќе биде да имате некој на ваша страна, некој кој може да ви биде потпора. Здравјето е добро, но внимавајте на стресот.

Девица
Во текот на денешниот ден може да имате поголеми трошоци од она што сте го планирале, и тоа ве загрижува. Ако сте соло, ве очекува шанса да се запознаете со личност која ќе покаже дека кон вас има искрени чувства. Ако сте во врска, саканата личност се труди поотворено да ви покаже дека ѝ значите, а вие како да се дистанцирате.

Вага
Денес вашето расположение ќе биде добро и ќе имате огромна желба за забава. Во работата, вашето внимание ќе биде насочено целосно кон практични прашања – најверојатно за пари. Не ја пропуштајте можноста да докажете дека сте добри во вашето поле, дури и ако треба да научите нови вештини. Некој колега или колешка ќе се обиде да ве изнервира. Не паѓајте на провокации.

Скорпија
Не ви е поволен денот, па би било добро да се посветите на тоа повеќе да се концентрирате и да избегнувате грешки. Моментално не сте во најдобар период и многу ве оптоварува. Имате впечаток дека не можете сами да излезете на крај со сите проблеми. Ви се допаѓа личност која има некои тајни и ќе ви треба долго време да ја освоите.

Стрелец
Ако сте се одлучиле да ја менувате работата, тоа може да ви оди малку потешко бидејќи нема нешто што ќе ви одговара во моментов. Би требало повеќе да се потпирате на советите од некое лице кое е често наметливо но ви го посакува само најдоброто. Престојувањето во природата ќе ве направи исклучително среќни. Проблеми со алергиски реакции.

Јарец
Пред вас е поволен период за нови случувања и за почеток на нови работи. Размислувате околу можноста да почнете нов проект, иако засега не сте сигурни во кој правец тоа оди. Ќе имате повеќе додворувачи, но еден посебно ви „паднал на око“ денеска. Поволен ден за флерт. Ве очекува интересна комуникација со личност што ви се допаѓа од порано.

Водолија
Ќе гледате на работите од позитивен агол и луѓето околу вас ќе го забележат тоа. Со вашиот талент ќе блеснете. Играте опасна игра на поле професија, но тоа ќе ви се исплати. Надежите за подобрување на ситуацијата на професионално поле ќе ви се остварат. Расположени сте внимателно да го слушате партнерот и тој ќе почувствува дека комплетно го разбирате.

Риби
Ќе сакате да флертувате, но, за жал, постои голема шанса дека вашите очекувања нема да бидат оправдани и ќе бидат одбиени. На бизнис план ќе успеете да се постигне добра соработка со колегите, а најдобрите ќе бидат изразени во тимска работа. Новите познанства овие денови, во иднина ќе ви донесат позитивни вести. Ќе имате многу енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот