Дневен хороскоп за 17 септември: Ќе бидете опседнати со наоѓање на вистинската цел во животот

Овен
Ќе бидете опседнати со наоѓање на вистинската цел во животот. Иако можеби не сакате да го признаете тоа, овие мисли се движат во вашата глава подолго време. Обидете се да не бидете толку оптоварени со тоа. Со прифаќањето и учењето на такво нешто може да ви помине целиот живот. Бара внимателно размислување.

Бик
Денес лесно ќе ги надминувате пречките и тоа ќе ве направи привлечни во туѓите очи. На работното место сте во развој, иако ви недостасува мотивација. Повеќе фокусирајте се на задачите кои ви носат финансиска стабилност. На емотивно поле ќе бидете повеќе од среќни. Некои Бикови размислуваат за проширување на семејството.

Близнаци
На емотивно поле, на сите очекувања од партнерот ќе одговорите подготвено и на тој начин уште повеќе ќе ја стабилизирате вашата врска. На професионално поле, вашата деловна комуникација денес одлично ќе се одвива. Ќе добивате јасни одговори и поттикнувања. Мали недоразбирања при договарањата. Помешајте се меѓу луѓе.

Рак
Може да почувствувате силна потреба да се извлечете од сѐ, но каде би отишле? Мачнините што ги чувствувате може да бидат одговор на сите притисоци поради кои страдате. Социјалните барања, работните обврски и семејните потреби можат да ве одведат до точка на пукање. Денес исклучете го телефонот, затворете го компјутерот.

Лав
На емотивно поле, многумина денеска ќе увидат дека се вистински среќници и дека во љубовта им се остваруваат многубројните желби. Чувајте го тоа. На професионално поле, повеќето од вас денес успешно ќе ја поврзат креативноста, интуицијата, стандардните работи и опуштениот пристап кон нив. Повеќе ќе размислувате.

Девица
Денес ќе имате чувство дека работите се одвиваат пребрзо, па мора повеќе да практикувате активности во природа. Бидете во близина на луѓе што ви ја поттикнуваат креативноста. На поле љубов, инстинктите нема да ве прелажат, потпрете се на нив. Одамна се сомневате во искреноста на чувствата на партнерот.

Вага
На емотивни поле, ќе продолжите да се забавувате како да не постојат никакви проблеми. Ќе успеете да избегате од сè и да останете насмеани. На професионално поле, во работните задачи со колегите, ќе откриете инвентивни идеи, кои целата работа ќе ја поместат за чекор понапред. Добар ден за креативноста.

Скорпија
Се чувствувате романтично и страсно денес. Ако се појави некое несогласување помеѓу вас и саканата личност, сега е вистинско време да го решите тоа. Зошто да не го однесете партнерот на романтична вечера? Можеби тоа е она што е потребно за повторно да се разгорат страстите. Ви треба некој поттик во врската.

Стрелец
Денес треба да бидете флексибилни со распоредот, обврските, но и со односот кон блиските од семејството и пријателите. На работното место не го одбирајте полесниот пат, може да си навлечете сериозни непријатности. Во љубовта стремете се кон мир и хармонија по секоја цена. Заборавете на кавгите, љубомората…

Јарец
Понекогаш немате доволно трпение за да одговорите на различни прашања или да ги задоволите бројните барања. Полесно да се справите со ситуации кога имате различни опции отворени за поширок избор и слободно дејство. Кога ќе се сретнете со партнерот, не отстапувајте од своите цели. Упорноста ќе донесе резултат.

Водолија
Добре дојдовте назад. Толку многу сте биле зафатени со вашите егзистенцијални проблеми во последно време што сте заборавиле на сегашноста и она што се случува токму пред вас. Сега сте присебни, можете да уживате во моментот, во својот секојдневен живот и оние мали нешта кој го прават животот поубав. Расположете се!

Риби
Бидете во близина на луѓе оптимисти, бидејќи ви недостасува енергија. На работното место мора да донесете брзи и нагли одлуки, без да барате туѓо мислење. Интуицијата нека ве води. На поле љубов мора да бидете потолерантни. Кој вели дека мора да ги совладувате препреките? Обидете се да најдете начин да ги заобиколите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот