Дневен хороскоп за 16 септември: Ги криете чувствата и ја пронаоѓате смислата во тајната врска

Овен
Ја завршувате целата работа со неверојатна леснотија. Соработниците се потпираат на вас и ви покажуваат голема доверба. Немојте да ја прокоцкате довербата. Ги мешате љубовта и пријателството и не можете целосно да направите разлика помеѓу тие две работи. Размислете дали сакате да останете во врска.

Бик
Потрудете се да не манипулирате со чувствата на другите луѓе, некој може да биде многу повреден поради тоа, можеби дури и вие. Ќе имате корист на работа од туѓите инвестиции, а не од парите кои вие ги вложувате во бизнисот. Важно е да бидете во контакт со луѓе од доверба и да ги слушате нивните совети и предлози.

Близнаци
Лесно можете да започнете авантура со личност со која сте деловно поврзани. Конечно ќе препознаете што ви треба. Ако сте во убава врска, не размислувајте за какви било авантури, тие би можеле да завршат лошо. Ако вашата работа е поврзана со странство, ќе склучите добра зделка и да ги реализирате вашите планови.

Рак
Оние кои немаат ќе немаат многу среќа на деловно поле, денес ќе поминат просечен ден на работа. Ги криете чувствата и ја пронаоѓате смислата во тајната врска. Размислете добро дали ова е нешто што ви треба. Денес ќе имате можност да се претставите во вистинското светло. Повеќе нема смисла да живеете двоен живот.

Лав
Денес имате можност да остварите важни контакти со поважни луѓе за првпат и да обезбедите подобра позиција за себе. Искористете ја шансата, претставете се во најдоброто светло. Реагирате многу емотивно на зборовите на партнерот и имате впечаток дека саканата личност е многу подоминантна од вас. Тоа е само фаза што минува.

Девица
Ситуацијата на работното место се менува на подобро. Денес ќе почувствувате голема поддршка од соработниците, но и од претпоставените. Искористете ја максимално поддршката – со посветена работа. Склони сте на претерана критика и се чини дека барате причина да останете сами. Обидете се да се преиспитате.

Вага
Подолго време не се чувствувате добро во врската. Обидете се да откриете каде е проблемот, ќе видите дека всушност вие сте проблемот. Побарајте понуда за уште една хонорарна работа, бидејќи токму на тој начин можете да остварите значителни контакти. Не сте доволно работно искористени, и самите го знаете тоа.

Скорпија
Склони сте на меланхолија и повлекување во себе. Ситуацијата на емотивен план е монотона, со оглед на тоа што вие сте во голема мера виновни за тоа. Денот искористете го за да ја оживеете вашата врска. Вие сте крајно оптоварени со промените што се случија. Ќе бидете пријатно изненадени од пресвртот на ситуацијата.

Стрелец
На крајот на работниот ден, оставете ги работата и обврските настрана и не размислувајте за нив. Обидете се да ги дефинирате вашите желби и очекувања. Така партнерот ќе го насочите како да се однесува. Оние кои бараат партнер, ќе имаат интересна недела. Не ги игнорирајте проблемите што ги имате, посетете лекар.

Јарец
Обидете се да не го покажувате своето незадоволство пред соработниците, бидејќи би можеле да го искористат моментот и да ви ја отежнат ситуацијата. Бидете смирени во сите ситуации, и во добрите и во лошите. Обидете се да посветите повеќе време на саканата личност. Вашата врска може да падне во криза.

Водолија
Овој ден е како создаден за повторно да ја воодушеви саканата личност. Денес е важно да имате добра тактика, бидејќи само на тој начин можете да дојдете до вистинското решение. Одете кон вашата цел, не дозволувајте ништо да ве спречи на патот. Вљубени сте и изгледате среќни поради тоа, но малку го занемарувате партнерот.

Риби
Денес мора да ја исправите грешката и да му се посветите на партнерот онолку колку што тој би сакал. Љубовта ќе ви цвета! На професионално поле, очекувајте помош од постара и влијателна личност. Успешен ден за оние кои се занимаваат со јавна професија. Потрудете се да ги завршите сите обврски денес, не чекајте утре.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот