Дневен хороскоп за 16 март: Денешниот ден е одличен за посериозни деловни потфати

Unsplash
Програмерите и натаму „водат“ со висината на платите/ фото: ЕПА

Овен

Денешниот ден е одличен за посериозни деловни потфати и донесување одлуки за истите. Важно е на оние кои не ви се допаѓаат, да не им давате лажни ветувања бидејќи истото може да ви се случи и вам и тоа нема да ви се допаѓа. Не започнувајте нешто ново денес, особено ако немате доволно време. Нема да има резултати.

Бик

Деловните правила брзо се менуваат. Обидете да се прилагодите на тоа. За да ги остварите вашите намери во љубовта најпрвин потребна ви е искреност. Размислете дали сте подготвени за чекор нанапред. Во љубовта се однесувате наметливо, тоа му пречи на партнерот. Очигледно е дека не забележувате дека му вршите притисок.

Близнаци

Бидете претпазливи кога фантазијата ве фаќа, бидејќи би можеле да заталкате далеку. Запомнете кој лета високо, паѓа ниско. Денес, обидете се да ги решите проблемите навреме за да не ги комплицирате работите. Доколку сте слободни, можна е средба со една личност од минатото, со која не сте останале во добри односи.

Рак

Доволно сте умешни да ги надминете деловните недоразбирања и конфликтните ситуации. Понекогаш треба да го исклучите разумот. Во љубовта слушајте се себеси и дозволете некои ваши чувства да испливаат на виделина. Посветени сте и на работата до максимум и тоа се гледа. Немате причина да се грижите за апсолутно за ништо.

Лав

Одличен период за влегување во врска или за стапување во брак, планирање семејство и подобрување на љубовниот однос. Многумина ви се восхитуваат и во приватниот живот и на работа. Подгответе се да воспоставите добра комуникација со надредените. Без оглед дали ќе забележувате, луѓето околу вас ќе ви се восхитуваат.

Девица

Сега не е време за изливи на бес. Таквите изливи кај вас ретко се случуваат и поради тоа предизвикуваат бура кај луѓето од опкружувањето. Ако сте слободни, имате намера да ѝ се приближите на една личност, но пред тоа би сакале да го испитате теренот. Партнерот ќе се обиде со ситници да ви го подобри расположението.

Вага

Потребно ви е време само за себе, па не чувствувајте вина ако сакате да се изолирате. Менталното здравје е добро, но мора да се фокусирате и на физичкото – внимавајте на исхраната и бидете поактивни. На љубовно поле, не им дозволувајте на емоциите да ве контролираат и добро размислете пред да кажете нешто.

Скорпија

Работите ви одат од рака и треба да ги искористите шансите што ви се даваат. Единствен проблем ви се партнерските односи и неможноста да најдете заеднички јазик со партнерот. Тој упорно се труди да ви го наметне своето мислење како единствено правилно. Без грижи, сепак, ќе ги надминете проблемите.

Стрелец

На деловно поле, конкуренцијата се обидува да ве стави во лоша позиција. Некој што ве почитува сака да ви излезе во пресрет, а тоа е така бидејќи му се допаѓате и на приватен план. Вашиот шарм ќе дојде до полн израз, поради што добро ќе се чувствувате и ќе бидете задоволни од себе. Заборавете барем на момент на семејните проблеми.

Јарец

На деловно поле, креативноста ви помага да решите многу деловни проблеми и дилеми. Ако сте слободни, можно е да доживеете момент на страст. Не дозволувајте тоа да влијае на вашата моментална состојба на работа. Оние што се во врска, треба отворено да му ја покажат љубовта на партнерот, сигурно ќе ужива во тоа.

Водолија

Во моментот сте малку незаинтересирани за деловните обврски, па надредените можат да ви забележат на отсутноста и расеаноста. Ви се отвора можност за комуникација со едно лице кое е во врска. Ќе флертувате со лица кои сте ги запознале преку пријатели. Оние што се во врска, ќе уживаат во вниманието што им го подарува партнерот.

Риби

Ќе реализирате работи што сте ги имале во план. Ве очекува поволна деловна ситуација. Во љубовта отворено ги покажувате емоциите кон лицето кое неодамна сте го запознале. Ќе бидете во потрага по партнер за сериозна врска или брак. Можна е една ненадејна ситуација на работа. Останете прибрани и сѐ ќе успеете да решите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот