Дневен хороскоп за 16 јануари 2020: Вагата ја прекинува емотивната агонија, Девиците имаат причина за среќа

ОВЕН

Работа: Со личност во знакот Близнаци, може да остварите позитивна соработка која би траела на долги патеки во иднина.

Љубов: Посакувате да ви се случи некоја нова љубовна врска, и подготвени сте за нови случувања.

Здравје: Минлива главоболка.

БИК

Работа: Денешниот ден не е добро поставен за нови работни предизвици, ниту за било какви важни случувања.

Љубов: Постои фатална привлечност помеѓу вас и една личност која често ја среќавае во работното опкружување.

Здравје: Несоница.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Подготвени сте да покажете иницијатива околу промени кои неопходно е да ги направите во работното опкружување.

Љубов: Уживате во убавите моменти со саканата личност која максимално ви е посветена.

Здравје: Проблеми со нервите.

РАК

Работа: Може да очекувате подобрување и позитивни околности да дојдете до саканите промени на ова поле.

Љубов: Ако имате партнер, може да очекувате дека со него ќе имате мирен ден.

Здравје: Мали проблеми со очите.

ЛАВ

Работа: Добивате прилика да покажете дека сте посветени на работата и дека сте подготвени да се трудите за да остварите напредок.

Љубов: Ќе дојдете до интересно познанство кое наскоро ќе ви донесе љубовна врска.

Здравје: Имате вишок енергија.

ДЕВИЦА

Работа: Финансиите на некој начин ви се променливи и не ви е лесно да го остварите она кон кое тежнеете.

Љубов: Доколку не му покажете на својот партнер како се чувствувате, тој тоа нема да го знае. Важно е да бидете отворени. Ве очекуваат пријатни вести кои ќе ве направат многу среќни.

Здравје: Избегнувајте цигари.

ВАГА

Работа: Работите кои долго време чекаат на вас, треба да бидат завршени во следниот период. Дајте се од себе тоа да го решите.

Љубов: Доколку сте слободни, денешниот ден е поволен за почеток на нова љубовна врска. вагите кои се во врска или во брак ќе ја прекинат љубовната агонија.

Здравје: Наклонети сте кон алергии.

СКОРПИЈА

Работа: Може да очекувате ден во кој пред себе ќе имате голем број обврски. Сигурни сте во своите чувства.

Љубов: Очекувајте дека саканта личност ќе знае како да се постави кон вас.

Здравје: Внесувајте повеќе витамини.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Неопходно е повеќе да се посветите на работата затоа што надредените ви замеруваат често отсуство.

Љубов: Размислете малку околу околностите во кои се наоѓате во врската. Можеби некогаш работите не ги гледате реално.

Здравје: Несоница.

ЈАРЕЦ

Работа: Пред вас е ден кој може да донесе одредени потешкотии на полето работа. Бидете трпеливи.

Љубов: Ако сте слободни, флерт со нова личност ви доаѓа, а наскоро ќе имате прилика да влезете во љубовна врска.

Здравје: Зголемете го внесот на витамини.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не ви е многу поволна ситуацијата во текот на денешниот ден, па избегнувајте ризици.

Љубов: Потребно ви е пауза за да сфатите што сакате. Врската во која сте сега ви создава незадоволство.

Здравје: Чувствителен ‘рбетен столб.

РИБИ

Работа: Патувањето во странство кое ве очекува, може да ви биде позитивна пресвртница.

Љубов: Очекувајте позитивни промени на полето љубов. Време е да се изборите за својата среќа и емоции.

Здравје: Избегнувајте алкохол.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот