Дневен хороскоп за 15 септември: Денес љубовта и емотивните односи ќе ви бидат најважни

Овен
Обидете се да се фокусирате на идеите што ги одолговлекувате долго време. На работното место бидете подискретни и не им кажувајте сè на колегите. На емотивно поле, добро размислете пред да кажете нешто. Не заборавајте дека врската не е натпревар помеѓу вас и партнерот. Не треба да има победник и губитник.

Бик
На љубовно поле, ќе успеете да се договорите за повеќето работи, благодарение на разбраниот пристап од двете страни. На професионално поле, ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Вие умеете да пристапите со вашите идеи на вистински начин. Затоа, и ве почитуваат.

Близнаци
Денес самодовербата ќе ви порасне благодарение на резултатите постигнати на работа. На работното место не може да ве спречи ништо, но оставете некоја обврска и за утре. Денес сте му потребни на партнерот. Ислушајте го без да му судите. Сепак, потребен ви е одмор од секојдневниот живот, па обрнете внимание на тоа.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп: Ве очекува ден исполнет со длабоки и интензивни емоции

Рак
Љубовните фрустрации ќе ги надминете ако се посветите на работата. Некои ќе сакаат да се осамат. На професионално поле, од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Имате волшебни тактики за изведување на работните задачи.

Лав
Иако копнеете да бидете на врвот, понекогаш и второто место не е за потценување. Денес балансирајте помеѓу соло и тимска работа. Заборавете на егото и оставете вашите дела да зборуваат за вас. Треба да му обрнете повеќе внимание на одредено лице од спротивниот пол и да ги подобрите односите со него.

Девица
Нивото на енергија постојано ќе се менува, па одвојте време да си ги наполните батериите. На работното место контролирајте ги импулсите и сè ќе се одвива по план. Денес ќе сакате да се опкружите со сакани личности. Доколку сте сингл, ве очекува интересна средба. Овој пат без двоумење препуштете се на романтичните моменти.

Прочитајте и...  Почина синот на Родни од „Сплетки“: Сѐ уште не се познати причините за смртта на 19-годишниот тинејџер

Вага
Во претходниот период имавте многу проблеми, но сепак успеавте сите да ги решите навреме. Депресијата во овој период е вашето второ име, мора да излезете од тој негативен круг. Врската со саканата личност полека напредува во посакуваниот правец. Можни се многу нови пресврти, кои ќе ви ги тргнат црните мисли.

Скорпија
Размислувајте за понатамошниот живот, забележете дека всушност и не се така лошо поставени работите. Премногу ги осудувате колегите, и тие се во незавидна позиција. Соработувајте со нив и намалете ги проблемите. Семејните несогласувања се поради недостигот на искрена комуникација. И партнерот ве прекорува.

Стрелец
Трошите премногу време на неважни работи, а ова ве преморува. Искористете ја креативноста за да ги одредите вашите приоритети. На професионално поле не потценувајте ги вашите идеи и почнете да работите на нив. На поле љубов ве очекува успех, без разлика дали сте сингл или во врска. Ќе имате прекрасни моменти.

Прочитајте и...  Првиот оброк е најважен: Варени јајца – најздрав појадок што сите го сакаат

Јарец
Поработете на способноста за слушање и оставете ги и другите да го кажат своето мислење. На емотивно поле, повеќето ќе имаат време целосно да се посветат на саканата личност. Ако сте во врска, добро е, а ако не сте, повикајте некој пријател. На професионално поле, проанализирајте се себеси и бидете малку самокритични.

Водолија
Навлегувате во период кој ќе биде исполнет со монотонија. Обидете се да ја разбиете монотоноста во врската. Не го сакате тоа но сепак ќе бидете во таква ситуација. Некој ваш близок ве лаже за неговите постапки. Сакате да отпатувате и да се оддалечите од проблемите, но без реално соочување нема никакво решение.

Риби
На работното место ќе бидете многу продуктивни и ќе размислувате за следниот ваш чекор. Од колегите ќе слушнете корисни вести. На поле љубов нештата се одлични. Ќе ги научите лекциите од минатото и лесно ќе ги примените во сегашната ситуација. Денес љубовта и емотивните односи ќе ви бидат најважни.

Прочитај повеќе

AC/DC повторно заедно, веста за враќањето ја објавија во весниците (ФОТО)

Слободен печат

Струмичката ММА борачка Нина и нејзината свршеница добија ќерка (ФОТО)

Слободен Печат

Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ се во војна: Поранешните сопружници се „фатија“ поради новото момче на пејачката! (ФОТО)

Васко Спасоски

Ново истражување: Пред 4,5 милијарди години Месечината се создала при судир на Земјата со друга млада планета

Слободен Печат

Работи кои ги занемаруваме, а всушност треба често да ги чистиме

Слободен печат

За 4 недели ќе изгубите 4 килограми: Најздравата диета на сите времиња! Исчистете го телото од токсини!

Слободен Печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Митови и вистини околу средствата за дезинфекција: Дали чистењето со оцет нè штити од вируси и бактерии?!

Слободен Печат

Како бебе го мачкале исклучиво со крема од кавијар – 5 помалку познати нешта за синот на Доналд и Меланија Трамп

Слободен печат

Безвременска елеганција – Есенски мантили во режија на Џенифер Лопез (ФОТО)

Слободен печат

Принцот Филип е многу разочаран од Меган: Зошто таа не се откажа од актерството, како што јас ја напуштив кариерата за да бидам со кралицата?

Слободен Печат

Нејзиниот син за малку ќе ослепел – Мајка предупреди на опасноста од валканите играчки кои се користат во кадата (ФОТО)

Слободен печат

Котев Ксенија со новата колекција Rebirth на Моден викенд Скопје

М.Р