Дневен хороскоп за 15.11.2019: Јарците ќе ја изненадат саканата личност со романтична вечера, а Скорпиите ќе го преуредат домот

ОВЕН
Малите работи пополека, но сигурно тргнаа во ваша полза. За големите ќе ви е потребно уште малку трпение и време. Пред вас е многу поволен ден за секаква врста на дружење, познанства, пријателство и љубов. Имате право да уживате малку.

БИК
Некој може да ве прогласи за безкорисен. На вас е да размислите за вашите постапки. Во незадолжителните дружења ќе бидете успешни, додека во тие што ви се задолжителни и присилени, ќе станете кукавица. Не се расправајте, туку делувајте.

БЛИЗНАЦИ
Ќе најдете начин да извлечете пари од другите луѓе. Формулата за успех е во тоа што ќе успеете да им се вовлечете под кожа. Се уште не стоите цврсто на земја. Ќе имате успех кај спротивниот пол, но бидете што пореални.

РАК
Денеска ќе се преиспитувате за вашите заслуги на работа. Тоа ќе биде одлично доколку сте потполно објективни. Можеби вашиот партнер нема да ве сфати сериозно, бидејќи вашите љубовни изразувања понекад се навистина тривијални. Бидете поскромни.

ЛАВ
Ќе ви недостига некаков такт во деловните договори. Сепак, доколку се потпрете на вашето знаење ќе го пронајдете вистинскиот пат. Вашата перцепција за љубовта ќе биде поместена и се ќе ви изгледа поинаку, односно поубаво него што навистина е. Треба да научите да се воздржувате.

ДЕВИЦА
Размислувајќи за работата ќе сфатите дека сте задоволни со својот приход. Добивате онолку колку што ви е потребно. Денеска блескате и привлекувате многу луѓе. Доколку сте сами, искочете и прошетајте, многумина едвај чекаат да ве видат. Следете ги своите соништа.

ВАГА
Ви претсоти некакво несогласување со надредените. Бидејќи ова брзо ќе помине, ве советуваме да не се разправате. На убав начин ќе ја идеализирате саканата личност. Тоа на вашата друга половина ќе и импонира, иако нема да е толку реално. Имате сила за двајца.

СКОРПИЈА
Не се оптеретувајте доколку на работа не ви е се совршено. Работите полека ќе дојдат на своето место. Скорпиите кои се во врска своето слободно време ќе го поминат преуредувајќи го домот. Заеднички работи ви претстојат. Не треба никаде да се брзате.

СТРЕЛЕЦ
Доколку вашата работа е поврзана со креативно изразување, настојувајте да бидете одмерени и не покажувајте баш се. Вашата најдрага личност денес исклучително многу ќе ве привлекува, па ќе бидете во состојба да направите се за истата. Издржете!

ЈАРЕЦ
Тоа што некои личности не разбираат дека не работат добро, не треба вас да ве вознемирува. Не се оптеретувајте со тоа. Јарците кои се во врска ќе сакаат да ја изненадат саканата личност со фина вечера или излагање на некое интересно место. Ќе испадне одлично! Јасно ви е дека некои работи со здравјето не можат да продолжат баш така.

ВОДОЛИЈА
Ќе барате простор за своите идеи. Некои ќе ги потпирате на вашето стручно знаење, кои сепак ќе ви отворат некои патишта. Некој од вас двајца ќе се обиде да го наметне своето мислење, но најверојатно тоа ќе сте вие. Стрпете се.

РИБИ
Креативците денес ќе имаат излив на инспирација од својата потсвест, додека останатите ќе имаат потреба се да обноват на работното место. Тешко дека денес ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Најубаво ќе поминат тие што молчат. Наспијте се.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот