Дневен хороскоп за 15.05.2020

профимедиа

Овен

Финансиите ви се променливи. Не се чувствувате добро затоа што ви се чини дека ви бега тлото под нозете. Ве очекува интересен флерт со лице што ќе покаже дека сака сериозна врска со вас. Пред вас е одличен период на ова поле. Наскоро ќе влезете во нова врска. Здравје: Редовно проверувајте го притисокот.

Бик

Денес нема да застанувате ниту една секунда, бидејќи ќе бидете убедени дека вашиот труд не е залуден. Можно е да одлучите да го преуредите домот по ваш вкус или да ги исчистите сите обврски од вашата листа. Ќе бидете задоволни со резултатот. Искористете ги скриените адути за да ја убедите саканата личност да го промени својот начин на живот. Нема да можете да гледате како нечиј живот пропаѓа.

Близнаци

Ви претстои бучен и плодоносен ден, во кој ќе уживате кога сте со лица со различни карактери. Ќе учите од нив и ќе „крадете“ од нивните идеи. Можно е да најдете инспирација во личност која е сосема различна од вас. Колку поневообичаена е темата на разговор, толку повеќе ќе ве влече да се вклучите. Воопшто нема да ви биде здодевно да дебатирате.

Рак

Ќе бидете во центарот на вниманието и нема да ви претставува проблем да ги убедите луѓето во нешто. Избегнувајте драматични дискусии што може да ви ја исцрпат енергијата. Логичниот начин на размислување ќе ве одведе во вистинска насока, а љубовниот живот ќе добар. Искажете ги чувствата и мислите на понежен начин и дискутирајте за плановите.

Лав

Ќе избегнете некој конфликт и ќе успеете да ги измазните односите. Добро сторено! Вашиот ум работи со брзина на светлината. Изборите што ги правите инстинктивно овој пат ќе се покажат како вистинскиот избор. Ќе мора да се справите со работите и лицата што ви ја забавуваат врската. Концентрирајте се прво на најтешките задачи. Во љубовта повеќе од кога било ги живеете вашите соништа.

Девица

Ќе бидете преокупирани со обврски, но не дозволувајте да се заглавите само со нив. Најдете време за себе, да се релаксирате и да се социјализирате. Сепак, избирајте го друштвото и не се дружете со луѓе што пренесуваат негативна енергија. Не покажувајте ја посесивната страна во љубовта и покажете повеќе доверба кон партнерот дозволувајќи му да се докаже.

Вага

Ќе гледате на работите од позитивен агол и луѓето околу вас ќе го забележат тоа. Со вашиот талент ќе блеснете. Играте опасна игра во работата, но тоа ќе ви се исплати. Расположени сте внимателно да го слушате партнерот и тој ќе почувствува дека комплетно го разбирате. Имате премалку време да ги завршите сите работни обврски. Тоа што сте тивки и смирени, прави партнерот да ве обожава.

Скорпија

Тимските проекти може да наидат на неочекувани пречки во претстојните месеци. Ќе откриете некои вистини за вашите блиски, кои нема лесно да ги прифатите, но за кои ќе мора да разговарате. Ќе имате многу обврски, па најдобро би било да ги сортирате по приоритет. Ве очекува динамична атмосфера во љубовта, од која може да се создадат кавги, но не ги сфаќајте работите пресериозно.

Стрелец

Семејството е најважно, но во претстојниот период за вас тоа може да биде и најголем извор на стрес. Премногу домашни обврски на ваш грб. Предолгото време кое го минувате со најмилите, сега може да почне да ве задушува. Ако сте во брак, можни се почести расправии со партнерот. Научете да бидете трпеливи.

Јарец

Денес ќе бидете многу одлучни и ќе се справите со грижите на одличен начин. Ќе се приспособите на атмосферата и ќе бидете позитивно расположени. Разговорите ќе ви бидат од корист за во иднина. Љубовниот живот ќе ви донесе големо задоволство и ќе чувствувате потреба да го правите она што срцето ви го вели.

Водолија

Денес можно е ненамерно да повредите сакана личност, обидувајќи се да ѝ помогнете. Можеби е подобро да им дозволите на блиските да паднат, а потоа да самите да се исправат, посилни отсекогаш. Не подавајте им рака секогаш. Врската со личност од ваша близина не е толку невина како што вам ви изгледа. Можно е зад добриот пријател да се крие ваш таен обожавател.

Риби

Денес може да откриете нови работи за себе преку вашите спонтани реакции. Ве очекуваат нови можности во иднина, па бидете отворени и не пропуштајте ги шансите. Комуникацијата ќе ви помогне да ги надминете стравовите, а натпреварувачкиот дух ќе ви биде силна страна. Убава атмосфера владее на љубовно поле, па време е да се покажете во најдоброто светло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот