Дневен хороскоп за 14 март: Кариера, љубов и здравје!

Овен

Внимавајте на можните компликации на полето на работата. Неповолен ден за вас.

Можете да се надевате на убаво познанство со личност која ќе ви се допадне. Пред вас е поволен ден за љубов.

Чувајте се од инфекции.

Бик

Ако сте на некоја повисока позиција, можно е денес да добиете нови одговорности.

Не е лесно да го освоите вниманието на личноста која ви се допаѓа. Таа има многу додворувачи и тоа ви создава несигурност.

Здравјето е добро.

Близнаци

Можете да очекувате големи промени. Ви доаѓа понуда за работа во странство или друг град.

Подготвени сте да ставите точка на врската во која не сте среќни. Ако сте во брак, се почесто размислувате за развод.

Внимавајте на циркулацијата.

Рак

Пред вас е можност за подобрување на заработувачката која може да ви го подигне моралот и самодовербата.

Потајно сонувате за личност која е зафатена и се надевате на остварување врска со неа. Можете да очекувате променлив ден за љубов.

Внимавајте на покачениот притисок.

Лав

Пред вас е поволен ден за нови соработки. Потрудете се да остварите добар впечаток.

Ќе бидете изненадени со пријатна средба со личност која ќе ве заинтригира. Не се откажувајте од идејата подобро да ја запознаете.

Внимавајте на бубрезите.

Девица

Ќе бидете оптоварени со многу обврски. Тоа ви е многу мачно, потребен ви е одмор.

Иако сте подготвени за нова љубов, старата љубов ви се враќа постојано.

Пад на имунитетот.

Вага

Ве очекува одличен ден во кој нема да имате никакви грижи и проблеми.

Новата врска ве мотивира да се менувате на подобро.

Занимавајте се со спорт.

Шкорпија

Размислувате за нови потези и вложувања.

Почеток на заеднички живот е пред вас и може да се каже дека имате трема поради тоа. Не сте сигурни што ве очекува.

Пред вас е добра ситуација на полето на здравјето.

Стрелец

Неповолен ден за работа, во кој се очекува да се потрудите да избегнете секаква штета.

Ако сакате да останете во добар однос со партнерот, покажете дека сте подготвени да правите компромиси.

Проблеми со кичмата.

Јарец

Ако планирате службено патување, денеска ќе успеете да ги средите сите детали околу тоа.

Ве очекува интересна комуникација со личноста која некако ноншалантно покажува дека има чувства кон вас.

Проверете го нивото на холестерол.

Водолија

Малку сте мрзеливи и почнувате да избегнувате одредени обврски. Потребно ви е будење.

Ако ви се допаѓа некоја зафатена личност, можете да очекувате интересни ситуации.

Подложни сте на инфекции.

Риби

На работа, потребно е да покажете трпение.

Одушевени сте од нова личност во вашиот живот. Во неа ги наоѓате сите квалитети кои сметате дека се важни за сериозна врска.

Проблеми со варењето.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот