Дневен хороскоп за 13 март: Денеска ќе се соочите со критики на работното место

дневен хороскоп
Илустрација: СП. / Фото: NASA, RawPixel

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 13 март, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денеска.

Овен

Некој одеднаш ќе почне да го критикува вашиот начин на работа. Добро размислете за сè, нема потреба напразно да реагирате на разни коментари. Деловниот неуспех не е толку значаен. Упорно се обидувате да го промените мислењето на партнерот, но ќе наидете на знаци на отфрлање.

Бик

Понекогаш немате доволно трпение да одговорите на различни прашања или да исполните нечии барања. Полесно ви е да го пронајдете својот пат во ситуации кога имате широк опсег на опции и слобода на дејствување. Кога се среќавате со саканата личност, не отстапувате од зацртаните цели.

Близнаци

Новите настани на деловната сцена ќе имаат негативно влијание врз вашата концентрација и затоа нема да успеете да ги завршите планираните обврски. Не мора сè да завршите во еден ден. Подобро е да не летате во облаци со големи емотивни желби или нечии ветувања.

Рак

Сакате да го импресионирате вашиот тим или претпоставените. Не бидете себични во процесот. Не реагирајте брзо и не кажувајте го на сите своето мислење. Добро сте расположени и мотивирани, па време е за малку повеќе уживате со партнерот. Ако не сте во врска, препуштете се на флерт со некој што ви се допаѓа.

Лав

Некој на работа ќе даде важен предлог што треба да го послушате. Бидете повнимателни во деловните одлуки. Претерувањето не носи ништо добро. Избегнувајте некој што ве прави нервозни и има нереални очекувања. Денес не е ден за нервоза и не дозволувајте некој да ви го расипе расположението.

Девица

Нестрпливи сте за напредок и докажување, но се чини дека луѓето околу вас не ве разбираат. Бидете малку пореални и запомнете дека за сè е потребно време. Нешто се обидувате да скриете. Можни се помали љубовни компликации, затоа бидете подготвени и отворено кажете му на партнерот што ве мачи.

Вага

Денеска тврдоглаво ја браните својата позиција. Кажете сè што ви тежи на душа, никој нема да ве осуди. На емотивен план треба да бидете поопуштени и да му дадете поголемо разбирање на партнерот. Потрудете се повторно да го шармирате партнерот.

Скорпија

Ќе ве очекуваат ненадејни промени на работното место и тешко ќе ја завршите успешно започнатата задача. Побарајте алтернатива. Преземањето ризик во случајна врска веројатно ќе резултира со лош исход, затоа бидете внимателни. Вљубените можат да уживаат во излегувањето со партнерот. Ќе се чувствувате добро.

Стрелец

Доколку немате доволно доверба во одредени соработници, направете го она што мислите дека е најдобро за да ги заштитите вашите деловни интереси. Избегнувајте деловно ривалство, тоа ќе ви донесе само негативна енергија. Ќе се наоѓате во емотивен јаз. Дилемата што се обидувате да ја решите зависи повеќе од нечија волја или влијание.

Јарец

Некој ќе ви го поттикне натпреварувачкиот импулс, а вие не можете да се задоволите со просечни резултати. Ве привлекуваат големи предизвици или можност за удвојување на вашите резултати. Понекогаш вашиот партнер не ги разбира сите ваши идеи. Треба да разјасните некои работи.

Водолија

Ќе имате доволно среќа во деловните опкружување. Ќе постигнете успех над нечии очекувања. Внимавајте на задачите што сте ги започнале и игнорирајте ги вашите натпреварувачки пориви. Нема причина да форсирате ситуации кои ја иритираат саканата личност. Подобро трпеливо да ја чекате вашата шанса.

Риби

Ќе биде важно да се разбирате со блиските соработници и да поставите заеднички правила во деловниот договор. Доколку секој го заврши својот дел од работата во предвиденото време нема да имате проблеми. Понекогаш претерувате во коментарите или барањата кои ги имате пред саканата личност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот