Дневен хороскоп за 13 мај: Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови

Овен
Ќе бидете возбудени за некои нови опции и можности кои ви се нудат. Надежта ќе порасне. Добра идеја е да почнете да се ослободувате од некои лоши навики. Ако работите, денот ќе се одвива без тешкотии. На љубовно поле време е да се спротивставите и да ги изјасните ставовите. Не секогаш проблемите се заради ваша вина.

Бик
На емотивно поле, вашата потреба за зборување и денеска ќе биде задоволена, но срцето и натаму ќе ви остане празно. Цело време сте по потрага по нежност и љубов, но изгледа дека некој не ви ги возвраќа чувствата со иста мерка. Сепак, и зборувањето е нешто. Некои ваши колеги ќе се покажат како вистински лицемери или снобови. Работете точно што се очекува од вас и бидете професионални.

Близнаци
На работа имате непредвидени околности кои ви го нарушуваат секојдневниот тек. Вие ретко излегувате од колосекот, сакате сѐ да ви биде под конец, па ова малку ќе ве помести. Ако сте во врска, ви претстои заладување на односите со саканата личност. Ако сте сингл, ве очекува убав ден за флерт и ново познанство. Ви недостасува самодоверба.

Рак
Кога умеете да ги ислушате луѓето, вие ќе умеете и правилно да комуницирате со нив. Денес слушнете што има да ви каже вашиот сакан, вашата пријателка, вашата мајка… и обидете се да разберете. Отворете го вашето срце и вашиот разум. Не паѓате под влијание на личности кои до вчера сте ги сметале за неодговорни. Тие лесно можат да ве повлечат со себе.

Лав
Пред вас е прекрасен ден за секаква поврзаност со луѓето, било да станува збор за саканата личност, ново познанство или за пријателите. Едноставно ќе уживате во секоја приватна комуникација. На професионално поле, верувате во подобро утре .Имате право. И денеска ќе градите мостови, ќе се поврзувате со нови деловни партнери или ќе ги обновувате старите врски.

Девица
Трудот кој ќе го вложите денес нема да биде залуден, само направете добра процена. Грижете се за себе и одржувајте балансирана исхрана. Внесувајте повеќе витамини. Разговори со пријателите ќе ви го подобрат денот. Ако работите, ќе мора да донесете радикални одлуки. На љубовно поле вложувате повеќе енергија од вообичаено. Но, немојте да инвестирате само вие во односот.

Вага
Нормално е за сте загрижени во овој тежок период, но не дозволувајте грижите да го убијат најдоброто во вас. Животот секогаш е убав за оние кои знаат да го живеат. Можете да бидете дел од нив денес. Инспирирајте се од оние личности кои се секогаш ведри и насмеани. Да, и тие носат свој товар на грбот, но и покрај тоа, умеат да застанат на убавата страна на животот.
Скорпија
На емотивно поле, како да не можете јасно да видите или ќе бидете склони кон преценување на самите себе. Проценките нема да ви бидат реални. Повеќе ги барате грешките кај партнерот отколку кај вас. Бидете пореални и не барајте премногу. На професионално поле, ако постојат некакви правни или морални двоумења во врска со една работа, обидете се тоа да го анализирате и решите.

Стрелец
На работа, ненамерно ќе дојдете до некои важни информации кои би ви послужиле да ги решите проблемите кои ги имате. На работа имате многу среќа, па некои проблемите ќе ги решите со минимален труд. Ви се допаѓа постара личност која не покажува преголем интерес за вас. Добро размислете пред да направите некој чекор. Можеби подоцна ќе се покаете.
Јарец
Се чувствувате заглавени во една и иста ситуација? Сметате дека пропаѓате во монотонија? Да, можете да го промените тоа, но прво морате да го промените начинот на размислување. Престанете да се плашите од неуспех секојпат кога треба да пробате нешто ново. Само откако ќе сфатите колку неверојатна личност сте, ќе откриете колкава сила поседувате.

Водолија
Ќе се соочувате со многу барања и можно е да почнете да се двоумите. Обидете се да го насочите умот кон она што вие сакате. Не потпаѓајте под влијание. Ако работите, ќе ви биде малку тешко да се ставите во работен режим. Не почнувајте нешто ново. На љубовно поле немојте да дозволите да ве обземат целосно емоции. Направете ги поедноставни работите.
Риби
Во љубовниот живот ќе бидете настроени да читате меѓу редови, па сѐ ќе се сведува на тајни погледи и суптилни сигнали. Мала упорност и иницијатива од ваша страна ќе вродат со плод. Освен што одлично дејствувате во практичниот дел, денес на работа ќе покажете и голема креативност. Ви се подобрува формата. Само напред! Убав ден за работа. Можете и конечно да се опуштите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот