Дневен хороскоп за 12 септември: Фокусирајте се на реалноста, не живејте во фантазии!

Овен
На емотивно поле, повеќето Овни ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цeлосно да се опуштат. Најмногу ќе ви годи мирна вечер со саканата личност. На професионално поле, веројатно е дека ќе преуредувате дома, а ќе „спиете“ на работното место. Како да не ви е добро на работа, како да сакате да избегате оттаму.

Бик
Сѐ уште не сте во најдобра форма, но сте подготвени да се прилагодите колку што е потребно. Прашањето е до кога. Ќе треба уште малку да се позанимавате со некои детали пред конечните заклучоци што наскоро ќе бидат донесени. Не се откажувајте од своите идеали. Сѐ уште анализирате некои детали. Добро се чувствувате.

Близнаци
Ве очекува подобрување на финансиите денеска. Пред вас е позитивен ден и кога е во прашање работата. Имате потреба да ја завршите врската која извесно време се развлекува. Сте виделе и самите дека таа приказна не води никаде. Нема да го правите она што другите го очекуваат, туку она што вие го сакате.

Прочитајте и...  Првиот оброк е најважен: Варени јајца – најздрав појадок што сите го сакаат

Рак
Тешко ќе ја одржите концентрацијата во работните обврски и разговорите ќе ве понесуваат. Ќе мора да поставите приоритети. На љубовно поле фокусирајте се на реалноста. Не живејте во фантазии. Конечно се впуштате во некаква акција и ќе мрднете од место. Чувствувате ослободување. Внимавајте на пороците!

Лав
Кога најмалку очекувате, ќе се вљубите, и тоа на прв поглед. Ќе почувствувате толку силни чувства уште на самиот старт. Овој пат потрудете се да не ги правите истите грешки како во минатата врска. Можно е да бидете на почетокот ноншалантни во љубовта и да не ја ставате во преден план. Фокусирајте се на неа.

Девица
Вашиот љубовен живот и денеска добро ќе се развива, а партнерот ќе ви даде повод да бидете цело време покрај него, што во изминатиот период тоа не се случувало. Ќе станете поблиски од кога и да е. Нови мисли и нови идеи ќе ве преокупираат повеќе отколку што очекувавте. Имате низа прашања на кои чекате одговор.

Прочитајте и...  Безвременска елеганција - Есенски мантили во режија на Џенифер Лопез (ФОТО)

Вага
На професионално поле мора да прифатите некои ограничувања, не може да ги преминете сите. Ако сте во врска, поминете квалитетно време во разговори со партнерот. Па што ако си правите планови за неизвесната иднина? Во љубовта ќе ве понесат емоциите, ќе сонувате наголемо, но некои соништа и ќе ви се остварат.

Скорпија
Размислувате да започнете некој нов проект. Имате толку многу идеи, но никако да се вклучи „сијаличката“ во вашата глава, за да ги реализирате. Побарајте помош од близок колега. Потребно е време и трпеливост. Можеби ќе бидете придружени со поголема доза на осаменост и желба за нова љубов.

Стрелец
Денес е вашиот голем ден. Сите нешта ќе бидат под ваша контрола, ќе уживате во работата и ќе бидете мошне фокусирани. Вашата мудрост ќе ви помогне да донесете важни одлуки. Она што сте го инвестирале во минатото, конечно ќе ви донесе добра заработувачка. Ќе добиете некоја награда која одамна сте ја посакувале.

Јарец
Пред вас е договор што содржи и извесни нејаснотии. Ќе се обидете да ги откриете деталите за на сите да им стане јасно. Ве очекува важен состанок на кој на некој начин ќе се одлучува околу вашата иднина. Можно е да ви се допаѓа некоја помлада личност. Ќе пробате да ѝ ставите до знаење дека сакате врска.

Прочитајте и...  Кралицата е бесна: Персоналот го одби нејзиното барање и за прв пат по 33 години ќе се менува протоколот

Водолија
Денес ќе биде особено енергичен ден за вас. Ќе бидете полни со самодоверба да ги претставите вашите идеи пред вашите колеги и соработници. Ако имате некој спор околу делење имот помеѓу вашите роднини, ќе биде решен во најбрз можен рок. Тука ќе ви прискокне напомош личност за која не сте ни сонувале дека ќе ви помогне!

Риби
Се чувствувате поосамени од кога и да било. Во моментот имате само една желба. Сакате да ја пронајдете личноста што е соодветна за вас и со кого можете да изградите сериозна и стабилна врска. Ако сте во врска, ќе наидете на силна негативност од страна на партнерот, дури и на вербална агресија насочена кон вас.

Прочитај повеќе

Новата колекција на францускиот бренд Кензо инспирирана од „Медена земја“

Слободен Печат

Меган Фокс по разводот повторно среќно вљубена

Слободен Печат

Популарната Сузана Спасовска стана баба: Погледнете какво име доби нејзината внука!

Васко Спасоски

AC/DC повторно заедно, веста за враќањето ја објавија во весниците (ФОТО)

Слободен печат

Струмичката ММА борачка Нина и нејзината свршеница добија ќерка (ФОТО)

Слободен Печат

Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ се во војна: Поранешните сопружници се „фатија“ поради новото момче на пејачката! (ФОТО)

Васко Спасоски

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ново истражување: Пред 4,5 милијарди години Месечината се создала при судир на Земјата со друга млада планета

Слободен Печат

Работи кои ги занемаруваме, а всушност треба често да ги чистиме

Слободен печат

За 4 недели ќе изгубите 4 килограми: Најздравата диета на сите времиња! Исчистете го телото од токсини!

Слободен Печат

Митови и вистини околу средствата за дезинфекција: Дали чистењето со оцет нè штити од вируси и бактерии?!

Слободен Печат

Како бебе го мачкале исклучиво со крема од кавијар – 5 помалку познати нешта за синот на Доналд и Меланија Трамп

Слободен печат

Безвременска елеганција – Есенски мантили во режија на Џенифер Лопез (ФОТО)

Слободен печат