Дневен хороскоп за 12 април: Држете се до своите ставови

дневен хороскоп

Овен

Исклучително сте задоволни од тоа како се одвива вашиот бизнис. Имате одговорен однос кон обврските. Саканата личност е лошо расположена, но не го забележувате затоа што сте фокусирани на вашата кариера. Поддршката што можеби ја очекувавте нема да се оствари. Треба да се потпрете на сопственото знаење и труд.

Бик

Немојте да се фалите со нешто што не постои и што никогаш не се случило. Прифатете го ова сиромашно време за љубов како нешто минливо. Повторно нема да бидете сигурни што сакате. Ќе се обидувате нешто да отплеткате и ќе имате делумен успех. Ќе ви недостига доследност и прерфекционизам во работењето.

Близнаци

Имате голема интуиција. Најдобро е да ја слушате кога донесувате какви било деловни одлуки. Ги преземавте сите семејни одговорности откако сопругот е на пат. Задоволни сте од резултатите и имате чувство дека нема ништо што не можете да постигнете. Здравјето е солидно, освен што притисокот е склон кон осцилации.

Рак

Вие сте вредни, самоуверени, посветени. Ако сте слободни, нема нови случувања на емоционалното поле. Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции. Ќе возвратите со иста мерка. Можете слободно нешто да направите за себе. Кому и да објаснувате, секој ќе ве разбере и тоа ќе го прифати за нормално.

Лав

На емотивно поле ќе покажете една досега невидена ваша страна. Сте добиле сила од претходните љубовни успеси, така што вашата самодоварба ќе порасне, а вие ќе тргнете во нови подвизи. На деловно поле, ќе се двоумите дали во нешто што е стабилно и добро да внесете малку необични идеи, што уште не сте ги испробале.

Девица

Атмосферата околу вас е многу пријатна и вие опуштено уживате во животот. Лесно се  концентрирате на работите и меморијата ви е одлична. Ова е идеално време за краток престој во природа и полнење на батериите, барем колку што ви дозволува работата. Небото ви се смешка на љубовно поле, со партнерот ќе се разбирате без збор.

Вага

Денес обидете се да одите на линија на најмал отпор. Околностите на деловно поле ќе ве наведат на некои несоодветни потези за кои нема да имате објаснување. Денес избегнете ги критиките, затоа што и вие ќе ги бирате полесните опции. Потребна ви е сериозна дискусија на љубовен план, толеранцијата не ве води никаде.

Скорпијa

Позитивните случувања на работа ќе ви овозможат со леснотија да ги извршувате работите. Со парите постапувате многу несовесно. Конзервативни сте и малку бавни во донесувањето на одлуки од сферата на емотивниот живот. Одмарајте малку повеќе. Способни сте за сериозни работи. Можете да очекувате успех во секој вид на дејност.

Стрелец

Ако сте сингл, можна е врска или познанство со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие. Љубовниот живот ќе биде полн со контрадикторности. Држете се до своите ставови и не дозволувајте вашиот партнер да го има главниот збор, бидејќи вие сте тие кои се рационални во врската, додека вашиот партнер сонува и идеализира.

Јарец

Ќе направите сè и денот ќе биде повеќе од успешен. Разговарајте со член на вашето семејство за вашите планови за идните промени – најдобро е да одлучувате заедно како да постапувате. Во овој период покрај новите проекти во кои ќе се вклучите ќе се запознаете и со нови лица кои во иднина ќе бидат вашата потпора.

Водолија

Зближувањето со партнерот дава резултати, денес ќе дадете сѐ од себе така да остане. Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи, поради што се чувствувате малку осамени. Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста. Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите.

Риби

Поради празнината што ја чувствувате, ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно. Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор, дури и тогаш кога ќе бидете во право. Искреноста е доблест, затоа не плашете се да бидете искрени и кон себе и кон другите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот