Дневен хороскоп за 12.12.2020: Водолиите ќе имаат проблем со финансиите, а Лавовите ќе имаат среќа во љубовта!

unsplash

Овен

Претежно само ја гледате илузијата пред вас и околу вас. Стекнувате впечаток дека луѓето ве лажат или дека кријат нешто од вас. Или вие лажете за нешто посебно или нешто правите тајно. Зошто ги комплицирате работите толку многу? Не плашете се да ги покажете чувствата, тоа е многу важно за вас, особено денес.

Бик

Младите колеги ќе ви се восхитуваат на професијата што ја работите, но вие ќе треба да се покажете како одговорен работник. Но, вие сте креативни и шармантни, па сите ги маѓепсувате. Ќе бидете во центарот на вниманието. Можно е да постигнете добар деловен договор на некој коктел. Сè оди во ваш прилог. 

Близнаци

Слободно споделувајте ги вашите идеи и кажувајте го вашето мислење. На професионално поле ќе го проширите кругот на познаници и ќе си го поплочите патот до целта. Во љубовта нештата се добри, само немојте да избрзувате со одлуките, особено ако сте сингл. Обидете се да се ослободите од стравот и несигурноста.

Рак

Иритирани сте од однесувањето на партнерот или обидот да ве наведат кон својот избор. Некој во вас буди желба за емоционална доминација. Делувате ангажирано од различни страни, но имате лошо чувство и гледате на вашата околина со одредена доза на недоверба. Избегнувајте конфликтни ситуации или јавна дебата.

Лав

Конечно и вие да уживате во љубовта! Денес е вашиот вистински љубовен ден. Сè ќе ви биде поврзано со љубов, размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Што се однесува до деловниот сегмент, едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија, а трети ќе се поврзат со странци.

Девица

Денес имате многу обожаватели. Каде и да одите, сите се свртуваат по вас. Ова е нормална ситуација за вас. Одлично се снаоѓате. Странски партнери во најава. Подгответе се. Би можело тоа да биде долга соработка. Отворени сте за секој разговор што нуди решение. Страстите стивнаа. Нема да се појавуваат неочекувани проблеми.

Вага

На емотивно поле, не дозволувајте да преовладува сомневање или незадоволство кај вас. Потребна ви е позитивна ориентација. Се наоѓате во невообичаена деловна ситуација. Многу од прашањата што ги имате засега остануваат незадоволителни. Нема потреба да се оптоварувате со тешки обврски.

Скорпија

Размислувате за тоа да ставите точка на одредена деловна соработка која не ви се покажала како доволно корисна. Сметате дека вашиот партнер е тврдоглав и не ви е лесно да излезете на крај со него. Во последно време, често влегувате во расправии. Никој од вас не сака да попушти, дури и кога станува збор за ситница.

Стрелец

Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена, а шансите намалени. Оттаму се фрустрациите. Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место. На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги.

Јарец

На професионално поле, разговорот со пријател во кој имате доверба, денес би можел да ви покаже нови деловни можности. Размислете за промена на работата или за промена на начинот на кој ја извршувате. Ќе мора добро да размислите за сѐ, бидејќи така големи одлуки не се донесуваат нагло. Без брзање, со мудар и разумен пристап.

Водолија

Ако ви се укаже можност, слободно кажете што ви пречи. На љубовен план ќе биде напнато. Финансиите ви се нестабилни. Пријатни сте во комуникацијата и многу работи може да завршите благодарение на правилниот пристап. Оние кои се сами имаат среќа да запознаат личност која е полна со некои нови и донекаде необични идеи. 

Риби

Денес на многу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Сè ќе почне без никакви обврски, но ќе уживате. На повидок е подготовка за кратко службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот