Дневен хороскоп за 11 август: На љубовно поле сте послободни во искажувањето емоции

хороскоп
Фото: Unsplash

Ви го претставуваме дневниот хороскоп за 11 август, погледнете што ви предвидуваат ѕвездите за денес.

Овен

Во овој период, ќе бидете дистанцирани од работа и на некој начин ќе ви недостасува мотивација. Очекувате многу од саканата личност, но во моментов таа не може да ги исполни сите ваши желби. Дајте си малку повеќе време за подобро да ги разгледате околностите во кои се наоѓате. Не е време за големи одлуки.

Бик

Ќе им си препуштите на своите чувства кога е во прашање љубовното поле. Подготвени сте за нова врска. Околу вас владее безгрижна атмосфера и ќе се фокусирате на нови задоволства без ништо да ви одзема внимание. Бидете спонтани во договорите. На професионално поле ќе преземете сериозни чекори.

Близнаци

На љубовно поле сте послободни во искажувањето емоции. Во потрага сте по работа која ќе ви пружи можност да напредувате во наредниот период. Личноста за која имате емоции некако се повлекла во себе и веќе не знаете на кој начин да се поставите. На работа ситуацијата се подобрува, ќе бидете задоволни и од финансиите.

Рак

Ви претстои разговор со една личност на висока позиција. Ветувањето што ќе го добиете нема да може да се реализира веднаш, но очекувајте позитивен резултат. Обидете се да не ги споделувате своите размислувања со партнерот. Тој е деструктивен и ве кочи во напредокот. Успевате да бидете интелектуално надмоќни.

Лав

Пред вас се нови деловни пресврти. Можно е да имате сосема неочекувани случувања на деловно поле. Во љубовта се чувствувате подготвени да излезете од врската во која веќе извесно време сте многу незадоволни. Ако сте во потрага по работа, ви претстои период во кој некои работи ќе се одолжуваат.

Девица

Можно е да не остварите врска со личноста што ви се допаѓа и да наидете на нејзино одбивање. Денешниот ден може да биде комплициран кога станува збор за работата. Доаѓа фаза во која ќе бидете деконцентрирани. Очекувајте можност да се поврзете со личноста што неодамна сте ја запознале. Ви оставила силен впечаток.

Вага

Оптоварени сте со деловни обврски и ви се чини дека работите под доста голем притисок. Не се согласувате со саканата личност. Честопати доаѓа до конфликти во вашата љубовна врска. Среќата денес не е на ваша страна, па не би било добро сега премногу да ризикувате кога станува збор за работата.

Скорпија

Може да очекувате комплициран однос со партнерот, со кого никогаш не можете да постигнете компромис. Полека закрепнувате од деловните промени што ви нанесоа некаква штета во претходниот период. Емоциите се вашата слаба точка во моментов и многу сте незадоволни. Односот со партнерот не е како што очекувате.

Стрелец

Во претстојниот период, ќе можност да го постигнете деловниот напредок што го посакувавте. Поработете на самодовербата ако сакате да имате повеќе среќа на љубовно поле. Неопходно е повеќе да се сакате себеси. Тешко ви е да прифатите нови обврски и добивате желба да се откажете од работата што не ви одговара.

Јарец

Водете сметка за тоа како ефикасно да се вратите на вашите активности. Останете смирени!  Не сакате да влегувате во конфликти за ситници коишто непотребно ве разделуваат со партнерот. На работа, добро организирајте се на состанокот со соработниците. Навреме побарајте нечија поддршка.

Водолија

Односите со саканата личност постепено се подобруваат и вие сте среќни. Секој деловен потег што ќе го направите денес, подоцна можете да го преиспитате и да го промените. Иако вашата љубов кон партнерот е искрена, постојат некои граници до кои сте подготвени да одите во односот со него. Ќе ви годи одмор.

Риби

Концентрирајте се на една работа. Информациите и утре ќе бидат тука! Телефонски повик може да ве информира за тешкотиите дома кои бараат од вас веднаш да се соочите со нив. Ова не треба да ве вознемирува, тоа е само еден од оние мали иритантни проблеми, на кои, сепак, треба да се обрне внимание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот