Дневен хороскоп за 10 мај: Следете ја вашата интуиција. Таа ќе ве одведе на место каде ќе ја пронајдете вашата среќа.

дневен хороскоп

Овен

Интуицијата денес ви е силна страна. Знаете точно во која насока сакате да го одведете својот живот. Време е да промените некои аспекти со оглед на тоа што среќата ќе ве следи. На љубовно поле ќе откриете нови желби, препуштете се на слободата и правете го она што ви го вели срцето. На деловно поле ќе ја ослободите енергијата.

Бик

Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се направи со сила, туку само со трпение. Времето работи за вас, а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Ќе барате спонзори за да инвестираат во вашиот проект. Ќе успеете во тоа.

Близнаци

Ќе направите некои промени што ќе функционираат на долг рок. Нешто што сте го започнале стои незавршено и има потреба од вашето внимание. Извадете ги заборавените проекти од фиоката, довршете го пишувањето кое го започнавте со голема возбуда, вратете му се на вашето творештво… Престанете да одложувате.

Рак

Ќе уживате во љубовната атмосфера, а ѕвездите им се насмевнуваат и на оние кои се сами. Ќе мора да „пресечете“, да носите посмели одлуки на работното место за работите да тргнат на подобро. Со нешто сте незадоволни и колку и да се обидувате да го скриете тоа, околината забележува дека со вас се случува нешто.

Лав

Следете ја вашата интуиција. Таа ќе ве одведе на место каде ќе ја пронајдете вашата среќа. Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман, па саканата личниост ќе остане во втор план. Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија.

Девица

Знаете кои се ви се непријателите и затоа игнорирајте ги. Напредувате во секој поглед. Можно е да сте на некого љубоморни или пак, вашиот љубовен живот е незадоволувачки и тука е сржта на сите ваши проблеми. Совет: Доколку не почнете да внимавате на вашето здравје наскоро ќе ги почувствувате последиците.

Вага

Очекувајте мал износ на пари која ќе ви го разубави денот, а навечер, среќата ќе ви ја донесе некоја посебна личност. Не двоумете се премногу и отидете на забавата на која ве повикаа пријателите. Не верувајте им премногу на луѓето. Тие единствено го сакаат вашиот неуспех. Кариерата ви оди по нагорна линија и ова е само почеток.

Скорпија

Чувствувате дека има многу тајни и повеќе не сакате да се борите со невидливите сили околу вас. Партнерот се однесува многу агресивно. Размислете добро пред да направите некаков чекор во врската. Од друга страна, некој ги буди вашите емотивни интереси и ви го подобрува расположението. Уживајте во малите и слатки нешта.

Стрелец

Познато е дека сте систематични за многу работи, но сето тоа паѓа во вода поради вашата намалена концентрација во овој период. Очекувате поддршка од други лица, а тоа може да остави лош впечаток на раководството во вашата компанија. Ќе имате интересна посета. Осмислете подобар план за соработка со другите.

Јарец

Чувствувате прилив на позитивна енергија и мислите дека сѐ што ќе започнете можете да го доведете до крајот подобро од вашите соработници. Во налет на доброто расположение успевате да завршите различни обврски и да бидете од голема помош за околината. Саканото лице ви е верно, па за љубовта не треба да се грижите.

Водолија

Ве очекуваат многу обврски, денешниот ден ќе биде мошне напнат за вас. Потрудете се да му покажете на партнерот дека имате добри и искрени намери кон него и дека сте подготвени да му се посветите. Многу е важно да бидете смирени кога станува збор за вашето деловно поле и да бидете подготвени за некои компромиси.

Риби

Може да очекувате ново запознавање со личност која отворено ќе го покаже својот интерес. Ако сте биле во кавга со некој од колективот, сега е можноста да најдете компромис. Можно е многу брзо да донесете мошне важна деловна одлука и подоцна да зажалите. Добро се согласувате со саканата личност и уживате заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот