Дневен хороскоп за 1-ви август!

Лав 23.7-22.8.

Љубов

За љубовните прашања ќе треба да го послушате ставот на вашиот партнер. Моментално е чувствителен , но добронамерен.

Кариера

денеска ќе немате реален однос кон себеси. Ќе замислувате дека вашето влијание е поголемо , отколку што е во стварноста.

Здравје и совет

Не ја критикувајте саканата личност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ниту денеска нема да можете да направите поголем напредок во односите , но со мали чекори напред , се ќе биде подобро. Бидете поскромни.

Кариера

Денот е многу поволен за градење нови финансиски планови во соработка со колегите. Ќе се договорите.

Здравје и совет

Во работењето е среќата.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби ќе имате интересни идеи , со кои ќе ја оптеретувате саканата личност. Не мора се да искажете во детали.

Кариера

Вашата финансиска состојба ќе изгледа многу ветувачки , но вие самите ќе согледате слабости што треба да се отстранат.

Здравје и совет

Добро размислете пред да делувате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашата љубовна врска добро се развива , а денеска сте во состојба да читате меѓу редови. Ќе ги погодувате желбите на партнерот.

Кариера

Би можело да дојде до несогласувања меѓу некои ваши колеги со соработниците од странство. Поврзете ги на свој начин.

Здравје и совет

Ви недостига дисциплина.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе останете дома.Оние во стабилни врски нема воопшто да излегуваат , а осамените ќе сонуваат гледајќи добар филм.

Кариера

Можно е луѓето од вашата околина да ви даваат различни ветувања , што не се сосема реални. Бидете внимателни.

Здравје и совет

Ви се зголемува апетитот, не претерувајте.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би било попаметно повнимателно да слушнете што ви предлага другата страна. Ќе утврдите дека е во право.

Кариера

Дозволете им на другите да ви објаснат доколку нешто не ви е јасно. Прашувајте , анализирајте , но не избрзувајте.

Здравје и совет

Нема веќе пречки.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете склони работите да ги гледате розово. некои ќе ја идеализираат својата врска. Затоа споредбата со видувањето на другите луѓе нема да им се допаднат.

Кариера

Се што денеска ќе правите на работното место , ќе го работите со леснотија , како да станува збор за некаква забава.

Здравје и совет

Слушајте се себеси.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Доколку не успеете во сите ваши намери , ќе знаете се да свртите на шега или едноставно ќес е дистанцирате.

Кариера

Другите конечно ќе ги препознаат вашите заслуги и ќе ви ги признаат резултатите. пред вас е убав деловен ден.

Здравје и совет

Нервоза.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Доколку се впуштите во конкретно зближување со личност која ви се допаѓа , ќе имате завиден резултат.

Кариера

Вашите соработници ќе ве поддржат , но не се сите искрени. Ширум отворете ги очите за да видите кои се вистинските.

Здравје и совет

Согледајте ја целината.

 

 

 

Бик 21.4- 20.5.

 

Љубов

На некои ќе им биде жал што не се воздржале кога требало. Сега поправаат што може да се поправи .

 

Кариера

Контактите ќе се прошират , а вие ќе добиете можност за да презентуирате некоја ваша иновативна идеја. Ќе успеете.

 

Здравје и совет

Држете се до професионалните критериуми.

 

 

 

Близнаци 21.5.-21.6.

 

Љубов

Денеска без проблеми ќе надминувате секаква пречка или мал проблем што ќе ви застане на патот на целосното задоволство. Ќе успеете.

 

Кариера

Ќе чувствувате дека би можеле подобро и повеќе, но ве попречува невниманието при работата. Сакате повеќе слобода.

 

Здравје и совет

Зајакнете си ја мускулатурата.

 

 

 

Рак 22.6-22.7.

 

Љубов

Без оглед што во љубовта не ви цветаат рози, денеска ќе најдете причина и за смеа и за надеж. Ќе бидете контруктивни.

 

Кариера

Можеби на моменти ќе ви се пристори дека сте препуштени сам на себеси ,но нее така.Многу добро ве контролираат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот