Дневен хороскоп за 09.11.2019: Јарците ќе го „зачинат“ љубовниот живот, а Рибите ќе уживаат во домашна атмосфера со својот партнер. – Слободен печат
ЕспресоХороскоп

Дневен хороскоп за 09.11.2019: Јарците ќе го „зачинат“ љубовниот живот, а Рибите ќе уживаат во домашна атмосфера со својот партнер.

ОВЕН
Ќе влијаете на многу работи и личности околу вас, а понекогаш тоа ќе биде несвесно. Ќе ве приметат многу повеќе отколку што очекувате. Имате доволно самодоверба и врската одлично ви се развива. Доколку сте сами, искочете. Големи се шансите да го запознаете вашиот иден љубовен партнер на некое неочекувано место. Здравјето одлично ве служи.

БИК
Без разлика на тоа што е викенд, вашите надредени ќе побараат стручно мислење од вас за некоја важна одлука што и вам би можела да ви биде од бенефит во иднина. Размислете убаво пред да одговорите. На ум ви доаѓаат милион комбинации кои би можеле да го подобрат и „зачинат“ вашиот љубовен живот. Верувајте и на интуицијата и внимавајте на бубрезите.

БЛИЗНАЦИ
Имате потреба да се повлечете и делувате од сенка. Вашата дискретност ќе донесе резултати и ќе успеете во тоа што сте го наумиле. Немојте да се воздржувате од тоа да ги искажете вашите чувства. Бидете свои и признајте ги вашите чувства, никогаш не можете да знаете доколку не се обидете. Бидете внимателни со зглобовите.

РАК
Можни се мали финансиски проблеми, но со добар план може се брзо да се разреши. Проверете си ги убаво сметките. Мали мудрости од некоја стара книга ќе ви помогнат да го имате главниот збор во врската, но немојте да претерувате. Можете да си дозволите едно добро излежување за викендов.

ЛАВ
Можна е неочекувана деловна понуда која ќе ве изненади и даде задача што не сте ја очекувале. Ќе бидете преслаби за да се одбраните од критиките на партнерот. Применете ја изреката „од едно уво влага, а од друго излага“. Опуштете се со добра музика и уживајте во викендот.

ДЕВИЦА
Денес е идеален ден за опуштање, психолошки анализи, длабоки размислувања и здрави навики. Развојот на вашиот љубовен живот е недефиниран. Понекогаш вие бирате, а понекогаш е обратно. Сепак, важно е срцето да ви биде на место. Можна е настинка.

ВАГА
Ќе ви стигне предлог за соработка која не сте ја очекувале. Малку ќе бидете збунети, но брзо ќе изреагирате и ќе се снајдете. Денес ќе има напредок во вашиот љубовен живот, а вие ќе уживате во тоа. Ќе бидете отворени и толерантни. Чиста сметка, долга љубов.

СКОРПИЈА
Повеќето ваши активност ќе се одвиваат со помош од други личности, затоа покажете дека го цените тоа и заблагодарете се. Ќе бидете способни да читате помеѓу редови, дури и да го откриете тоа што не ви изгледа најточно кај личноста која многу ви значи. Продолжете со активностите и вашата инспирација ќе биде незапирлива.

СТРЕЛЕЦ
Не сонувајте во нешто недостижно и обидете се цврсто да стоите на земја, но сепак ќе се чувствувате како да стоите на песок. Вашата чувствителна фаза ќе ви помине, па полесно ќе ја чувствувате реалноста. Таа не е лоша, но сепак не е ни најсјајна. Анализирајте ги вашите соништа.

ЈАРЕЦ
Која ја вршите вашата работа, внимавајте и во односот и соработката со другите. Овој пат нивното мислење може да ви помогне. Својот однос со саканата личност ќе се обидете да го збогатите со интензивниот еротски живот. Размислете за вашите цели.

ВОДОЛИЈА
Во деловните односи можно е да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и еднакво одговарајте. Најверојатно денот ќе го поминете со саканата личност во домашна атмосфера. Ќе ви биде убаво и без поголеми љубовни акции. Имате право на опуштање.

РИБИ
Имате навистина многу работа и работите со полна пареа. Некој може да ви попречи во работата, но не се нервирајте. Пред вас е уште еден богат друштвен ден во кој е возможно да запознаете многу интересни луѓе и убаво да си поминете. Бидете свои.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close