Дневен хороскоп за 08.11.2019

дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Сметате дека на работното место можете да постигнете многу поголем успех од тој во моментов, но некако ве зафатила мрзата. Потрудете се да ја елиминирате. Кон саканото лице потребно е само да бидете понежни и повнимателни, сето друго само ќе се оствари.

Бик (21.04 – 21.05)

Среќата оди во ваша насока, така што, некои работи кои сте ги посакале од поодамна можат да станат реалност. Вашиот сомнеж би можел да го наруши добриот однос со партнерот. Потрудете се да ги надминете караниците со саканата личност.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ви недостасува трпение, а на вашиот партнер храброст да се соочи со заедничките проблеми. Смирете ги заедничките страсти. Се обидувате да одложите една средба, но тоа е само привремено решение. Соочувањето со вистината ви носи психолошко олеснување. Можни се болки во мускулите. Не се преморувајте.

Рак (22.06 – 22.07)

Денес ќе заглавите со некоја работна задача, а тоа ќе ве извади од колосек. Без да се нервирате и навредувате се околу себе, обидете се да ја поправите почетната грешка, концентрирајќи се дури и на најситните нешта. Во љубовта се е како подмачкано.

Лав (23.07 – 22.08)

Можно е во текот на денешниот ден да имате многу деловни обврски кои ќе земат поголем дел од вашата енергија. Недоволно ги покажувате емоциите кон саканото лице па тоа ќе ви замери. Внимавајте и пазете се од кражби, можно е да бидете ограбени.

Девица (23.08 – 22.09)

Денес ќе ја работите работата која ви одговара и одлично ќе се чувствувате поради тоа. Многу ваши соработници инспирацијата ќе ја пронајдат токму во вас. Не ви е лесно отворено да ги покажете емоциите, па затоа можно е да наидете на ладен однос од партнерот.

Вага (23.09 – 22.10)

Некои работи не се одвиваат онака како што сте планирале, до крајот на денот сепак ситуацијата ќе се заврти во ваша корист. Не би требало да се расправате, премолчете некои нешта. Во љубовта ве очекува иритантна одлука од страна на партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе имате некои нејаснотии во комуникацијата со колегите, некои ќе ви одат на нерви. Ако се потрудите и бидете доволно чесни, ќе ги надминете несогласувањата. Ќе запознаете некоја интересна личност во вашето опкружување.

Стрелец (22.11 – 21.12)

На работа не ве очекува некој претерано напорен ден. Може да се каже дека се ќе оди со забавено темпо. Конечно ќе излезете од монотонијата и ќе ги подобрите односите со вашиот партнер, кој инаку премногу ве сака.

Јарец (22.12 – 20.01)

Збунети сте поради некои ваши финансиски грешки, некако не можете да се снајдете најдобро кога станува збор за ова поле. Без грижа, се ќе дојде на свое место. Можно е саканото лице да нема доволно доверба во вас, па покажете му дека греши.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сакате да оставите одличен впечаток на работното место, но некако без труд, а тоа не е можно. Брзо ќе бидат прочитани вашите намери. Саканото лице или ќе ве изненади или пак ќе ве разочара со некоја негова постапка.

Риби (20.02 – 20.03)

Ќе имате мноу обврски, ќе бидете постојано во трчање, огранизацијата е главниот фактор кој многу ќе ви помогне. Потрудете се да обавите се во зададениот рок и ќе бидете наградени. Во љубовта потребно е да му објасните на партнерот дека не е само тој во вашиот живот, дека нормално е тоа што имате и некои други обврски, тој станал премногу посесивен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот