Дневен хороскоп за 02.11.2019 година!

дневен хороскоп

Овен (21.03 – 20.04)

Не му дозволувајте на никого да ве спречи во она што планирате да го направите или она што сте го планирале. Тоа веројатно се однесува на вашата кариера која во последо време стагнира. Некоја Шкорпија ќе ве повика на предизвик, прифатете го бидејќи можете одлично да заработите од тоа.

Бик (21.04 – 21.05)

Верувате дека еден Рак, Риба или еден Стрелец ќе го одржат ветувањето без оглед што тоа што го очекувате од нив е прилично тешко за изведба.Не му верувајте на Јарецот кој ви носи еден куп неповолни информации. Можеби ќе бидете способни да најдете начин и простор за искрен разговор со некоја Девица.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Месечината и Нептун во вашиот знак ве прават прилично нереални во врска со многу прашања. Вашиот занес кратко ќе трае бидејќи еден Бик ќе ве потсети што всушност значи реалноста. Не сте подготвени да одите до крај во плановите за кои мислите дека ќе ви донесат профит. Можна е средба со една Шкорпија, Лав или Стрелец.

Рак (22.06 – 22.07)

Не би требало да ја пропуштите шансата кој ви се укажува во работата со лицата кои повеќе пати ја покажале својата лојалност дури и кога не сте биле сосема во право. Не се нервирајте ако не сте во состојба да го решите фамилијарниот проблем со кој подолго време сте соочени. Лавот од вас очекува финансиска подршка.

Лав (23.07 – 22.08)

Ви одговара транзитот на Сонцето и Венера преку вашиот знак и Месечината и Нептун преку Рибите. Тоа може да делува поттикнувачки на оние кои сакаат да се занимаваат со некоја нова работа или можеби планираат кариера поврзана со уметноста. Ќе добиете повик од некое лице кое ви е исклучително драго, а не сте го виделе одамна.

Девица (23.08 – 22.09)

Ова е прилично напорен ден за оние кои не се во добри односи со членовите на семејството или кои имаат големи грижи поради нешто што не можат да го решат. Ќе добиете прилика да разговарате со некој кој прилично деликатно и нечесно се однесува со вас. Не навлегувајте во конфликти без претходно подготвени факти.

Вага (23.09 – 22.10)

Чувствувате потреба да ги изразите своите идеи на оригинален начин или да направите договор со некој кој е сличен на вас. Верувате дека ќе ви помогне некој воден знак со кој повеќе пати сте имале прилика да се договорите за некои важни прашања. Денот е одличен за средба со пријателите или семејството.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Денот не е поволен за правење на планови со лицата во кои немате комплетна доверба или имате лошо искуство. Можно е да станува збор за пријатели или членови на семејството. Денот е поволен за занимавање со уметност, сликање, пишување…

Стрелец (22.11 – 21.12)

Правите планови во врска со кариерата и јасно ви е дека соништата не се остваруваат толку лесно. Многумина сметаат на вашата помош, но вие не сте во толкава мера подготвени да издржите. Користете ги своите врски и познанства за да дознаете некои важни нешта кои ќе ви помогнат да напредувате.

Јарец (22.12 – 20.01)

Еден од подобрите денови за оние занесените, заљубените и чувствувателните. Ќе доживеете одлично искуство благодарение на некое изненадување. Оние кои се занимаваат со уметност ќе остварат одлични резултати со помош на некој Бик.

Водолија (21.01 – 19.02)

Немојте секој момент да го менувате расположението, тоа е неповолно за вас и за луѓето околу вас. Ќе имате прилика да се покажете во најдобро издание, а соработниците и колегите ќе ве пофалат за тоа. Ако сте склони кон консумирањето алкохол во поголеми количини, денес можете да имате проблем со водените знаци.

Риби (20.02 – 20.03)

Тотално сте конфузни во меѓучовечките односи бидејќи неколку нешта не ви одат од рака. Сакате да постигнете многу, а не сакате да ги откриете своите намери, со што ја затворате можноста некој да ви помогне. Некој успеал многу да ве збуни. Месечината и Нептун ќе влеат нервоза кај конзервативните Риби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот